Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Лични Финансии

Променете ги лошите финансиски навики

2 јун. 2020 г.·2 мин читање·217 прегледи

Следете не на Viber

Доколку планирате да го проширите вашето семејство, или да купите нов стан, неопходно е да почнете да размислувате поинаку за финансиите, и за тоа како и на кој начин да направите профит. Пред се, потребно е да престанете да правите финансиски грешки, а ние ќе ви дадеме неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа.

Најпрво организирајте ги сите сметки. Најдете место каде што ќе ви стојат и поделете ги на платени и неплатени. За уредите кои сте ги купиле со гаранција, чувајте ги сметките се додека не истече истата.

Пронајдете го лицето кое ќе ве извлече од кризата, кога ќе сакате да трошите пари на непотребни работи. Доколку дојдете до искушение, едноставно јавете му се на тој човек кој ќе ви каже дека навистина не треба да купите.

Размислете за тоа што се  сте постигнале минатата година. Самите знаете дека во секоја одлука постои одреден ризик. Обидете се да се сетите како сте ја надминувале оваа криза, и тоа ќе ја направи сегашната ситуација помалку застрашувачка.

Поставете си правила на кои секогаш ќе се придржувате. На пример поставете си правило дека нема да купувате маици поскапи од 1.000 денари.

Заборавете на картичките. Се што ќе купувате плаќајте го во готово, затоа што не само што ќе имате чувство за тоа колку трошите, туку за една година ќе заштедите 20%, колку што изнесуваат каматите на кредитните картички.

Отворете си трајни налози, за никогаш да не доцните со плаќање на обврските, и користете интернет банкарство за да ги избегнете провизиите.

Запишувајте ги сите трошоци. По еден месец, седнате и прочитајте го списокот за да видите на што трошите најмногу, и обидете се да најдете начин да ги намалите истите.

Создадете визуелни потсетници на вашите финансиски цели. Ставете слика со семејството, местото каде сакате да отпатувате или слика од автомобилот кој сакате да го имате.

Клучни зборови

  • кредитни картички
  • навики
  • плата
  • ризик
  • финансиски грешки
  • финансиски навики
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk