Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Ќе има финансиска поддршка и за судентите од приватните факултети

11 јун. 2020 г.·2 мин читање·210 прегледи

Следете не на Viber

Конференцијата на приватни високообразовни установи смета дека Уредбата со законска сила на владата за издавање домашна платежна картичка, како финансиска поддршка за млади лица, ги става во нерамноправна положба студентите од приватните универзитети.

Конференцијата посочува дека во одлуката се опфатени државјани на возраст од 16 до 29 години, кои се ученици во формалното средно образование или се редовни студенти на државните универзитети во Република Северна Македонија.

– Тоа значи дека оваа поддршка не може да ја добијат студентите на приватните високообразовни установи, со што тие се ставаат во нерамноправна положба. Со тоа, се крши уставното право на студентите да ги имаат истите можности за добивање финансиска помош од државниот буџет во услови на вирусна пандемија и загрозена егзистенција на нивните семејства поради економските последици од здравствената криза, едвакво како и студентите од јавните универзитети – се наведува во реакцијата.

Конференцијата  на приватни високообразовни установи,  која ја дискутирала Уредбата на седница пред два дена, во реакцијата со барање за финансиска поддршка за сите студенти, посочува дека при одредување на правата на граѓаните, Уставот не прави разлика во статусот на студент запишан на државен или на приватен универзитет и дека студентите од приватните универзитети се дискриминирани и им е повредено правото на еднаквост, загарантирано со член 9 од Уставот на РСМ и Законот за високо образование.

– Оттука, Конференцијата на приватни високообразовни установи, бара во најкус можен рок да се исправи оваа неправда и да им се додели финансиска помош на сите студенти, вклучително и оние од приватните универзитети, се додава во реакцијата.

Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> [ топ 100 најголеми ]

Клучни зборови

  • ковид19
  • Министерство за финансии
  • поддршка
  • студенит
  • финансиска поддршка
  • финансиска помош
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk