Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Финансиска поддршка за исплата на плати ќе изнесува до 21.776 денари по вработен

23 окт. 2020 г.·3 мин читање·2708 прегледи

Следете не на Viber

Компаниите кои се потешко погодени од корона-кризата, односно кои имаат поголем пад на приходите, ќе добијат поголема финансиска поддршка за исплата на плати, предвидува новиот Предлог-закон за финансиска поддршка што вчера го усвои Владата и кој ќе биде испратен на усвојување во Собранието.

Од Министерството за финансии денеска појаснија дека доколку компанијата има намален приход од над 80 проценти, тогаш износот на финансиска поддршка за исплата на плати ќе изнесува до 21.776 денари по вработен, додека компаниите со намален приход од 30 до 40 проценти, ќе добијат поддршка до 14.500 денари по вработен. За намален приход од 40 до 50 проценти предвидени се до 15.955 денари по вработен, за намален приход од 50 до 60 проценти до 17.410 денари, за намален приход од 60 до 70 проценти до 18.865 денари по вработен и за намален приход од 70 до 80 проценти до 20.320 денари по вработен.

Референтниот период за пад на приходите е од април до октомври 2020 година, споредено со истиот период минатата година, информираат од Министерството за финансии.

Во законското решение предвидени се и заштитни механизми за платата да стигне во целост до работникот, односно во случај работодавачот да исплати помала плата, предвидени се глоби до 10 илјади евра, во зависност од големината на правниот субјект.

Со предлог законот не се опфатени фирми кои оствариле поголем профит од 10 милиони евра кумулативно во последните три години.
Во случај фирмата да е регистрирана по септември 2019 година, се зема датумот од запишување во Централен регистар, велат од Министерството.

Фирмите кои аплицираат за мерката, не можат да исплаќаат дивиденда и награди за деловна успешност и можат да имаат најмногу 10 проценти од вработените со месечна нето-плата од над 120 илјади денари.

За оваа мерка не можат да аплицираат фирми кои во јуни, јули, август и септември исплатиле нето плата по вработен повисока од 39.900 денари. Мерката не можат користат и фирми кои за вработени ја користат мерката „Македонија вработува“, како и за вработени кои се ангажирани за дополнително работење.

Работодавачите кои ќе ја користат мерката, не смеат да го намалат бројот на вработени два месеци по завршување на месецот за кој е користена финансиската поддршка, заклучно со февруари 2021 година, освен во случај на пензионирање, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, спогодбено преземање на работникот, откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски и слично.

Клучни зборови

  • исплата на плати
  • финансиска поддршка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk