Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mk

АФПЗРР: Над 9 милиони евра финансиска поддршка за користење на средства од ИПАРД 2

25 јул. 2020 г.·2 мин читање·582 прегледи

Следете не на Viber

Над 9 милиони евра финансиска поддршка за користење на средства од ИПАРД 2

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетува сите заинтересирани за аплицирање за Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ дека привршува рокот за доставување на апликации.

Сите заинтересирани за користење на средства од ИПАРД 2 програмата целокупната документација треба да ја достават во затворен плик со назнака, Не отворај, за Јавен оглас ИПАРД бр 01/2020, директно во писарницата на Агенцијата или пак да ја испратат по препорачана пошта на следната адреса: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бул. „3-та Македонска бригада“ бр.20 (зграда на Македонија Табак блок Ц ) 1000 Скопје. Целокупната комплетна документација треба да се достави најдоцна до наредната сабота ( 01- ви август 2020 година), информира Агенцијата.

Според директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски оваа мерка е наменета и нуди можност за реализација на инвестиции во секторите растително, сточарско производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.

Во овој повик тракторите не се прифатлива инвестиција, посочува Бабовски.

Финансиската поддршка по поединечно барање се доделува како неповратен грант во износ од 60 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за оваа мерка. Процентот се зголемува до 65 проценти за инвестиции во земјоделски стопанства, управувани од млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70 отсто за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик, изнесува 9.216.693 евра или 568.147.394 денари. Преку искористувањето на средствата од ИПАРД 2,  Македонија ќе обезбеди достигнување на стандардите на Европската Унија кои се однесуваат на квалитет и безбедност на храна, јавно здравје, заштитата на животната средина, заштита при работа, здравје и заштита на растенијата и на животните, благосостојба на животните, како и поддршка за одржливо управување со природните ресурси и подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија во целост, се додава во соопштението на Агенцијата.

Клучни зборови

  • Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
  • АФПЗРР
  • финансиска поддршка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk