Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Финансиската писменост овозможува поединците да станат самостојни!

9 апр. 2024 г.·3 мин читање·1876 прегледи

Следете не на Viber

Финансиска писменост е знаењето кое едно младо лице треба да го поседува за да носи паметни одлуки со парите. Истата се однесува на способноста да се разберат и ефективно да се применат различни финансиски вештини, вклучително и лично финансиско управување, буџетирање и штедење. Финансиската писменост овозможува поединците да станат самостојни, за да може да се постигне финансиска стабилност. Од друга страна пак, финансиското образование е процес преку кој се учат вештините и ставовите неопходни за разбирање на парите и финансиите. Ако младите лица се стекнат со солидно разбирање за финансиите, истите ќе бидат опремени со знаења и вештини што ќе им бидат потребни за да можат ефективно да управуваат со парите. Се ова може да им помогне да младите лица да прават добро информирани избори, да носат издржани финансиски одлуки и ги поттикне на финансиски одговорно однесување

Дигиталната ера им овозможува на младите лица во нашата држава лесен пристап до информации поврзани со финансиските услуги (кредити, кредитни картички, депозити, штедење, итн.), личното буџетирање и управување со личните финансии, разбирање и толкување на финансиските информации (каматни стапки), инвестирањето и даночното влијание од нашите финансиски одлуки. Ова од една страна може да се смета како предност во однос на минатото кога било потешко да се дојде до потребните информации, но од друга страна пак ги прави потешки финансиските одлуки поради зголемената комплексност и разновидност на финансиските производи и услуги.

Истражувањата кои се направени во изминативе години покажуваат дека нивото на финансиска писменост и образование во нашата држава се под просекот. Имено, последното глобално истражување кое ги мерело знаењата, однесувањата и ставовите поврзани со финансиите, направено во 2014та година од страна на „Стандард и Пурс“ (S&P Global Finlit Survey) ја позиционираат нашата држава на 121-то место (од 140 земји) на оваа листа со финансиска писменост на само 21% од возрасното население.

Во рамките пак на проектот FinFluencers, Young Financial Influencers, финансиран од ЕУ, направен е компаративен извештај за Финансиска писменост и образование, постоечки вештини, потреби, поддршка/истражување и оценка на вештини. Резултатите од овој извештај покажуваат дека лица со најголем недостаток на финансиска писменост се младите и старите лица, студентите, невработените, пензионерите и жените, како и оние со ниско ниво на образование и приход. Притоа, дури 82,8% од младите лица се заинтересирани да ја зголемат својата финансиска писменост.

Членовите на Ротари клубот Скопје Север ја препознаа оваа потреба за финансиска едукација и инклузија кај младите во нашата држава и за таа цел во 2023та година го иницираа проектот „Паметно со парите“ кој опфаќа 4 предавања на следните теми: „Паметно банкарство“, „Лично буџетирање“, „Инвестирање“ и „Даноци“. Предавачите, кои се членови на Ротари клубот Скопје Север и пријатели на Ротари, се луѓе со долгогодишно искуство кои со практични примери се обидоа темите да ги доближат поблиску до младите и да им одговорат на нивните дилеми поврзани со личните финансии. Поради големата успешност на првиот циклус минатата година, решивме и оваа година да ги одржиме истите предавања, но овој пат преку хибриден модел со физичко и онлајн присуство.

За таа цел Ве повикуваме да се пријавите на бесплатните обуки за финансиска писменост кои ќе се одржат на 16ти и 18ти Април 2024та година од 17:30 до 20:00 часот со физичко присуство во Амфитеатар 2 на Економски факултет при УКИМ или на платформата Zoom преку регистрација на следниов линк: https://forms.gle/QqJmy2QzrQe3Kdpw9.

  • Проектот е поддржан од Шпаркасе Банка АД Скопје и Економски Факултет при УКИМ. Медиумски партнер – pari.com.mk

Клучни зборови

  • Паметно со парите
  • Ротари клуб Скопје Север
  • финансиска писменост
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk