Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ФИНАНСИСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЗА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ: Поддршка за месечните сметки за струја

21 јул. 2025 г.·2 мин читање·5209 прегледи

Следете не на Viber

Во насока на подобрување на животниот стандард на најчувствителните категории граѓани, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини донесе нови решенија за директна финансиска помош. Преку оваа мерка, ќе се покрива дел од трошоците за потрошена електрична енергија за домаќинства со деца со попреченост, како и за семејствата кои згрижуваат лица во својот дом. Овие решенија се однесуваат на домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток и згрижувачки семејства кои се грижат за од едно до пет лица.

Според воспоставената соработка со ЕВН Хоме, Министерството секој месец, најдоцна до 5-ти, доставува електронска листа до компанијата со информации за корисниците кои треба да добијат финансиска поддршка. Овие листи се испраќаат на e-mail адресата: kontakt_ranlivi@evn.mk, и треба да содржат: Број на решението, број на корисник од базата на ЕВН Хоме, број на местото на потрошувачка и износот на финансиска поддршка.

По приемот на листите, Министерството има обврска во рок од три работни дена да изврши уплата на вкупниот износ за месецот на сметката на ЕВН Хоме. Информацијата за налогот се испраќа на истата електронска адреса.

Од своја страна, ЕВН Хоме, во рок од три дена по добивањето на средствата, извршува евидентирање на доделената финансиска поддршка на соодветните броеви на корисници. Овој износ се прикажува како претплата на корисничкиот профил и се користи за намалување на износот за плаќање на следната фактура за електрична енергија. На самата фактура, поддршката ќе биде прикажана под ставката „Износ во претплата“.

Во случаите кога доделениот износ е повисок од фактурата, преостанатата сума останува како претплата за следните месечни фактури, сè додека целосно не се искористи.

По евидентирањето на претплатите, ЕВН Хоме составува извештај за сите трансакции и го доставува до Министерството, за сите категории на корисници опфатени со оваа програма.

Министерството најавува дека и во иднина ќе продолжи со спроведување на програми кои го олеснуваат пристапот до енергија за најранливите, во партнерство со релевантните институции и компании.

Клучни зборови

  • Министерство за енергетика
  • ранливи категории
  • сметки
  • струја
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk