Туристичкиот сектор во 2025 година не расте само преку приходи и добивки, туку и преку луѓето што стојат зад продажбата, организацијата и реализацијата на патувањата. Во 325-те туристички агенции бројот на вработени пораснал од 906 на 952 лица, односно за 5,1 насто, додека просечната плата во секторот се зголемила од 22.752 на 24.866 денари, или за 9,3 насто.
Анализата на „Пари“, врз основа на податоците од „Бизнис Мрежа“, покажува дека компаниите што имаат најмногу вработени не се секогаш и тие што исплаќаат највисоки плати. Уште поинтересно, кај платите доминираат агенции што најчесто не се меѓу најголемите по приход…