Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Федералните резерви на Америка ја задржаа сегашната клучна каматна стапка

11 јун. 2020 г.·2 мин читање·76 прегледи

Следете не на Viber

Реферeнтната годишна каматна стапка останува меѓу 0 и 0.25 проценти, соопштија Федералните резерви (Фед). Регулаторот до ова ниво ја намали каматната стапка в март.

Фед прогнозираат поголем пад на бруто домашниот производ (БДП). За 2020 година се очекува БДП на САД да опадне до минус 6.5 проценти, наместо раст од 2 отсто кој се очекуваше во декември. Притоа, прогнозата за 2021 година е раст на БДП од 1.9 до 5 проценти.

Прогнозата за стапката на невработеност е зголемена од 3.6 до 6.5 проценти.

Првиот човек на Фед, Џером Пауел, смета дека падот на БДП во второто тримесечје ќе биде рекорден. Според него, големината на негативата останува неодредена и ќе зависи од запирањето на вирусот. Соопшти и дека индикаторите укажуваат на стабилизација во некои сектори од економијата.

Од Фед претходно соопштија дека не се разгледува можност за намалување на клучната каматна стапка од сегашната вредност од речиси нула до одење во негативна зона. За таква мерка претходно се изјасни американскиот претседател Доналд Трамп.

Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> [ топ 100 најголеми ]

Клучни зборови

  • вредност
  • долари
  • Доналд Трамп
  • Каматна стапка
  • негативна зона
  • федерални резерви
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk