Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ФДА потврди: Сите тутунски производи не се подеднакво штетни

30 дек. 2025 г.·3 мин читање·932 прегледи

Следете не на Viber

И покрај децениските рестриктивни мерки, повеќе од 30 милиони возрасни Американци сè уште пушат, а класичните цигари остануваат водечка причина за предвремена смрт и болести во оваа земја. Американската администрација за храна и лекови (ФДА) сега го потврдува она што експертите за намалување на штетата го истакнуваат со години: сите тутунски производи не се подеднакво штетни, а игнорирањето на тој факт има реални последици по јавното здравје.

Центарот за тутунски производи на ФДА истакнува дека здравствените ризици имаат различен степен на заедничката скала, каде што запаливите производи, првенствено цигарите, се убедливо најопасни, додека алтернативите без чад, како што се уредите за загревање тутун и никотинските ќесички, имаат значително помал ризик во споредба со пушењето, иако и тие не се безопасни.

Намалувањето на штетата не е промоција, туку реалност

„Нити еден тутунски производ не е сосема безбеден“, нагласува ФДА, но во исто време признава дека возрасните пушачи кои целосно се префрлаат од цигари на производи со помал ризик можат да ја намалат својата изложеност на токсични и канцерогени супстанции кои настануваат при согорувањето на тутунот.

Согорувањето, а не никотинот сам по себе, е клучната причина за болести поврзани со пушењето. Оваа разлика е основа на концептот за намалување на штетата, кој се применува со децении во други области на јавното здравје, но во политиката за тутун сè уште e предмет на идеолошки, наместо на научни дебати.

ФДА конкретно предупредува дека долгорочната дуална употреба (истовремено пушење цигари и употреба на алтернативи без чад) не ги носи очекуваните здравствени придобивки. Тоа е важна порака за креаторите на политиките: недоволно јасната комуникација за релативните ризици може да го поништи потенцијалот за намалување на штетата. За да се извлече вистински бенефит, транзицијата кон помалку штетните алтернативи мора да биде целосна, а информациите јасни, прецизни и ослободени од морализирање.

Докази, не претпоставки

По ригорозна научна евалуација, до денес ФДА има одобрено 39 уреди за загревање тутун и 26 производи со никотински ќесички, откривајќи дека нивното присуство на пазарот може да има позитивен ефект врз јавното здравје, под услов тие да се насочени исклучиво кон возрасни пушачи и со силна заштита на младите.

Според ФДА, важно е да се нагласи дека одобрувањето на овие производи не значи апсолутна безбедност, туку дека производот е оценет како помалку штетен од цигарите и може да придонесе за намалување на целокупниот товар врз здравствениот систем настанат како последица од пушењето.

ФДА отворено признава дека погрешните перцепции за ризикот спречуваат многу од пушачите да размислат за помалку штетни алтернативи. Прикривањето на точните информации не го штити здравјето, напротив, го загрозува. Затоа ФДА најавува дополнителни истражувачки и образовни стратегии насочени кон овозможување на возрасните пушачи да донесуваат информирани одлуки, а воедно да ги заштитат младите и непушачите. Во оваа рамка, Националниот институт за рак финансира повеќегодишно истражување за ефектите од отворената комуникација и достапноста на научните сознанија врз скалата на ризик.

ПР Објава

Клучни зборови

  • ФДА
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk