Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Ново преземање-Фатмир Етеми и Ацо Дудулоски по пола сега газдуваат со 77,44% од акциите на Скопски пазар

1 апр. 2021 г.·2 мин читање·1634 прегледи

Следете не на Viber

Сопственикот на ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје, Фатмир Етеми и Современ дом АД Прилеп на Ацо Дудулоски докупија уште акции од Скопски пазар АД Скопје.

Според соопштението на Македонска берза на 31.03.2021 година согласно Решението за успешност на понудата за преземање издадено од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија од 29.03.2021, се изврши пренос на вкупно 21.224 обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар АД Скопје.

-Со постапката за преземање, досегашниот акционер ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје се стекна со дополнителни 11.347 обични акции и во моментов поседува вкупно 27.467 обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар АД Скопје, што претставува 38,72% учество во вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје, се вели во објавата на берзата.

Со постапката за преземање, досегашниот акционер Современ дом АД Прилеп се стекна со дополнителни 9.877 обични акции и во моментов поседува вкупно 27.467 обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар АД Скопје, што претставува 38,72% учество во вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје .

По завршување на постапката за преземање ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје и Современ дом АД Прилеп како субјекти што дејствуваат заеднички се стекнаа со вкупно 77,44% од вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје.

Досегашниот акционер ЛИКО-ПРОЕКТ ДООЕЛ како акционер кој имаше сопственост на обични акции над 5% во акционерската структура на Скопски пазар АД Скопје, ја прифати понудата за преземање и изврши отуѓување на сите свои акции со што повеќе не е акционер во Скопски пазар АД Скопјe.

Клучни зборови

  • акции
  • Ацо Дудулоски
  • Скопски Пазар
  • Фатмир Етеми
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk