Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

ФАРМАЦЕВТСКИ ПРЕЦИЗНО СО ПРОВЕРЕНА ФОРМУЛА: Алкалоид со добитен полугодишен биланс

30 јул. 2025 г.·3 мин читање·3114 прегледи

Следете не на Viber

И покрај предизвиците што ги носи сложената економска и геополитичка средина, Алкалоид уште еднаш демонстрира дека стабилното и стратешко менаџирање дава видливи резултати. Најновиот извештај на компанијата ја потврдува таа насока – растечките приходи, засилениот извоз, континуираните инвестиции и новите вработувања се јасен показател за успешно справување со неизвесностите и доследна реализација на амбициозните планови. Овој позитивен тренд директно се одразува и врз добивката, која бележи стабилен раст.

Алкалоид АД Скопје во првата половина од 2025 година оствари стабилен раст на продажбите и добивката, продолжувајќи по патеката на континуиран развој и проширување. Единечните приходи од продажби достигнаа 6,75 милијарди денари (109,8 милиони евра), што е зголемување од 1% во однос на истиот период лани, додека вкупните консолидирани приходи изнесуваат 10,11 милијарди денари (6,7 милиони евра)– раст од 7%. Остварениот резултат е за 2% повисок од планираниот, иако доаѓа по силната 2024 година, кога компанијата забележа раст од 15%.

Добивките ја следат позитивната динамика. Единечната добивка изнесува 1,61 милијарда денари (26,1 милион евра), зголемување од 10%, додека единечната нето-добивка е 941,8 милиони денари (15,3 милиони евра) – раст од 7%. Консолидираната добивка достигна 1,69 милијарди денари (27,4 милиони евра), а нето-добивката 855,7 милиони денари (13,9 милиони евра) – раст од 4%.

Продажбите на домашниот пазар пораснаа за 19% и учествуваат со 34% во вкупните консолидирани приходи, додека извозот сочинува 66%. Посебно впечатлив раст е забележан на пазарите во Холандија (6,6 пати), Австрија (5,3 пати), Шведска (4 пати), Јужна Африка (3 пати) и Финска (2,8 пати).

Во периодот јануари – јуни, компанијата инвестираше 615 милиони денари во основни средства и ангажираше над 1.000 домашни добавувачи. Вкупниот број на вработени во групацијата изнесува 3.027, од кои 2.269 се во Македонија, а 758 во странство. Реализирани се 21 ново вработување во земјава, а во март е исплатен и регрес за годишен одмор од 44.500 денари нето на секој вработен.

Акциите на Алкалоид остануваат меѓу најликвидните на Македонската берза. Просечната цена на акцијата во првото полугодие изнесува 28.140 денари, што е раст од 39% во однос на лани. Пазарната капитализација достигна 39,7 милијарди денари, со вкупно 6.270 акционери.

Во април, на Годишното собрание беше одобрена исплата на дивиденда за 2024 година во износ од 901,8 милиони денари, со исплата од 630 денари бруто или 567 денари нето по акција – зголемување од 16,67% во однос на претходната година.

Бизнис-планот за 2025 предвидува раст од 8% на продажбите и 7% на добивката во однос на 2024 година, како и инвестиции од околу 8% од приходите во материјални и нематеријални средства. И покрај глобалната економска неизвесност, компанијата останува фокусирана на раст, проширување на капацитетите и унапредување на кадарот.

Клучни зборови

  • Алкалоид
  • добивка
  • прво полугодие
  • приходи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk