Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Фајзер и Астра Зенека ,,не може” да ги избројат профитите

30 јул. 2021 г.·3 мин читање·1277 прегледи

Следете не на Viber
Продажбата на вакцината против Ковид-19 и други лекови му помогна на „Фајзер“ да го удвои приходот во вториот квартал од годината и да го зголеми профитот за импресивни 59 проценти.
Вакцината против Ковид-19 на американската фармацевтска компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтех им донесе приходи од директна продажба 7,84 милијарди долари.
Компанијата со седиште во Њујорк очекува приходите од вакцини оваа година да достигнат 33,5 милијарди американски долари за 2,1 милијарди дози што договори да ги испорача до крајот на годината.
Профитот во вториот квартал изнесуваше 5,56 милијарди долари, што е за 59 отсто повеќе од заработените 3,49 милијарди долари во истиот период минатата година. Исто така, ги надминува очекувањата на пазарот во однос на приходите, кои изнесуваат 18,98 милијарди, речиси двојно повеќе од 9,86 милијарди во вториот квартал од 2020 година.

Во вчерашниот извештај на Фајзер се нагласува дека трета доза на вакцината против коронавирусот може да ја зголеми заштитата од Делта сојот на вирусот до 100 пати

Компанијата АстраЗенека  (AstraZeneca) заработи приближно 900 милиони американски долари од продажба на нејзините вакцини против КОВИД-19 во вториот квартал, што е многу помалку од американскиот ривал „Фајзер“, кој инкасираше 7,8 милијарди долари од продажбата на неговата поскапа вакцина во истиот период, објави Фајненшл тајмс. (ФТ) .

Англо-шведската фармацевтска група, исто така, во соопштението наведува дека инвестициите во нивната вакцина ја намалиле заработката.

Имено, добивката на компанијата потфрли во вториот квартал во споредба со очекувањата на аналитичарите, при што заработката од основната дејност достигна 90 центи по акција, во споредба со прогнозата на економистите дека ќе изнесува 92 центи. Трошоците за истражување и развој, главно насочени кон корона вакцината, пораснаа за 28 проценти.

Сепак, вкупните приходи од сите активности на оваа фармацевтска компанија ги надминаа очекувањата и изнесуваат 8,2 милијарди американски долари во извештајниот квартал, што е за 31 отсто повеќе отколку во истиот период претходната година, поттикнато од растот на продажбата на пазарите во развој и бизнисот на секторот онкологија.

Производителот на лекови, исто така, денеска повтори дека го одложува аплицирањето за добивање лиценца за вакцина против корона во САД за втората половина од годината, бидејќи собира дополнителни податоци за поднесување на апликацијата.

АстраЗенека  и нејзиниот индиски партнер во производството велат дека доставиле милијарда дози вакцина во 170 земји досега.

Компанијата се надева дека ќе ги зголеми приходите до крајот на оваа година со неодамнешното купување на производителот на лекови за ретки болести, Алексион, и предвидува профит од 5,05 до 5,40 долари по акција.

Претходно АстраЗенека објави дека ги разгледува своите можности во врска со идниот бизнис со вакцини против КОВИД -19 и очекува појасна ситуација по тоа прашање до крајот на годината.

„Истражуваме различни опции“, рече високиот извршен директор на АстраЗенека, Руд Добер, пренесе Ројтерс.

Тој објасни дека до крајот на годината, ситуацијата за ова големо стратешко прашање ќе биде појасна и дека во моментов се дискутира дали бизнисот со вакцини е одржлив за АстраЗенека во следните пет или 10 години.

Клучни зборови

  • астра зенека
  • втор квартал
  • заработка
  • Фајзер
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk