Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Фејсбук го тужат. Дали некои компании ќе мора да се откажат?

10 дек. 2020 г.·2 мин читање·768 прегледи

Следете не на Viber

Федералната комисија за трговија на САД и скоро сите сојузни држави го тужеа Фејсбук за создавање на монопол.

Федералната комисија за трговија објави дека ќе бара одлука со која, меѓу другото, ќе се бара Фејсбук да се откаже од компанијата што ја купи, а меѓу нив се и Instagram и Whatsapp.

Коалицијата на сојузни американски држави исто така побара сопственоста на Фејсбук на други социјални мрежи да се прогласи за незаконска, објави Ројтерс.

„Скоро цела деценија, Фејсбук ги користеше својата доминација и монопол на пазарот за да ги уништи послабите ривали и да ја задуши конкуренцијата, сето тоа на штета на сите корисници. „Многу е важно да се запре ова предаторско преземање на помалите компании и да се врати довербата на пазарот“, рече обвинителката на Њујорк, Летиција Џејмс, пренесе АП.

Седиштето на Фејсбук објави дека компанијата ги разгледува обвинувањата, проценувајќи дека ова е преседан што ќе има влијание врз пошироката деловна заедница и луѓето кои ги избираат своите производи секој ден.

Фејсбук е втора голема технолошка компанија која се соочува со ваков правен предизвик откако Министерството за правда на САД го тужеше Гугл во октомври од слични причини.

Веднаш по објавувањето на оваа вест, акциите на компанијата Фејсбук паднаа за три проценти.

Клучни зборови

  • монопол
  • сојузни држави
  • тужби
  • тужење
  • фејсбу
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk