Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Европските институции со позитивни оцени за монетарната политика на НБРМ

6 мај 2026 г.·2 мин читање·1001 прегледи

Следете не на Viber

Монетарната политика на Народната банка е оценета како целосно усогласена со препораките од европските институции, што претставува највисока оценка во делот на економските политики. Ова беше посочено во рамките на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите регионални партнери од Западен Балкан, Турција, Молдавија и Украина, којшто се одржа во Брисел.

На дијалогот учествуваше вицегувернерот на Народната банка, Игор Величковски, кој нагласи дека ваквите оценки ја потврдуваат соодветната поставеност на монетарната политика насочена кон одржување на ценовната и стабилноста на девизниот курс во услови на зголемена глобална неизвесност.

„И покрај неизвесното и променливо надворешно окружување, домашната економија останува релативно отпорна. Народната банка води претпазлива монетарна политика, фокусирана на натамошно намалување на инфлацијата и стабилизирање на инфлациските очекувања, при истовремено одржување стабилен девизен курс“, истакна Величковски. Тој посочи дека монетарната политика има клучна улога во справувањето со инфлациските притисоци, особено во услови на продолжени глобални шокови на страната на понудата, при што Народната банка внимателно ги следи сите движења и е подготвена да реагира соодветно за зачувување на стабилноста.

Во обраќањето беше нагласено дека девизните резерви се одржуваат на соодветно ниво, согласно меѓународните стандарди, што обезбедува силна заштита од потенцијални надворешни шокови. Воедно, банкарскиот систем останува стабилен, ликвиден и добро капитализиран, со дополнително зајакнати макропрудентни мерки поради засилената кредитна активност.

Величковски се осврна и на новата оперативна рамка на монетарната политика воведена во декември 2025 година, којашто има за цел да го подобри преносот на сигналите од основната каматна стапка и да ја зголеми ефикасноста на монетарната политика.

Во контекст на европската интеграција, беше истакнато дека приклучувањето кон СЕПА претставува значаен чекор за финансиската интеграција и усогласувањето со европските стандарди, при што Народната банка продолжува со активностите за унапредување на платежната инфраструктура преку спроведување на регионалниот проект за инстант плаќања заснован врз клонот на ТИПС.

Клучни зборови

  • Европска Унија
  • Игор Величковски
  • монетарна политика
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk