Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

Европската комисија покрена постапка против Хрватска за сезонските работници

25 дек. 2023 г.·2 мин читање·680 прегледи

Следете не на Viber

Причината за покренување на постапката е затоа што не ги пренеле на сосема коректен начин сите одредби од директивата за сезонските работници. Целта на оваа директива е да обезбеди правични и транспарентни правила за прием на сезонски работници од трети земји во ЕУ.

Освен Хрватска, официјални предупредувања добија и Чешка, Франција, Унгарија, Малта, Холандија, Австрија и Полска. Комисијата смета дека овие држави членки на ЕУ неправилно пренеле и/или имплементирале некои обврски од директивата.

Овие земји-членки имаат рок од два месеци да ги преземат неопходните мерки за отстранување на недостатоците што ги утврди Комисијата.

Доколку не добие задоволителен одговор, Европската комисија може да им испрати аргументирани мислења.

Комисијата го започна првиот сет на прекршочни постапки во април 2023 година со испраќање формални предупредувања до Белгија, Бугарија, Германија, Естонија, Грција, Италија, Кипар, Латвија, Литванија и Луксембург.

Комисијата, како чувар на договорите на ЕУ, е одговорна за следење на тоа како земјите-членки ги применуваат европските закони и објавува пакет со прекршување на правата на ЕУ еднаш месечно.

Врз основа на сопствени истраги или поплаки од граѓани, фирми или други заинтересирани страни, поведува постапка за прекршување на правото на ЕУ.

Постапката има три чекори. Првото е испраќање официјално предупредување, а доколку не се реши работата со тоа предупредување, се испраќа образложено мислење во кое се бара да се обезбеди усогласеност со законодавството на ЕУ. Доколку земјата-членка сè уште не соработува, Комисијата може да го упати случајот до Судот на правдата на Европската унија. Повеќето случаи се решаваат пред да одат на суд.

Клучни зборови

  • ЕУ
  • сезонски работници
  • Хрватска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk