Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Европската Комисија подготвува истрага за рекламниот бизнис на Google

23 јун. 2021 г.·3 мин читање·790 прегледи

Следете не на Viber

Европската комисија се подготвува да отвори официјална истрага за бизнисот поврзан со дигиталното рекламирање на Google, и тоа негде при крајот на оваа година.

Истрагата ќе се фокусира на односот што го има Google кон рекламните огласувачи, издавачи, посредници и конкуренти, притоа додавајќи дека ќе направи напор да биде потемелна во истрагата од онаа што францускиот регулатор за заштита на пазарната конкуренција го направи минатата недела.

Франција минатата недела се договори со Google за еден ваков сличен случај отткако една американската компанија се согласи да плати 268 милиони долари и со тоа презема голем број обврски.

Брисел одби да ги коментира информациите за новата истрага, а Google не одговори веднаш на прашањата поставени околу оваа ситуација.

Интернет рекламирањето на Google, минатата година му донесе приход од 142 милијарди долари. Повеќето компании заработуваат преку продажбата со рекламирање на YouTube и Gmail.

Околу 16 проценти од приходите одат во одделот за прикажување на реклами, кој ја продава технологија на Google на медиумските компании и тие ја користат за продажба на своите реклами на нивните веб-страници и апликации.  

И двата дела од бизнисот на Google биле мета на регулаторите, па според некои шпекулации, новата истрага на ЕУ би можела на крајот да ја опфати целата рекламна империја на Google.

Фирмата за истражување на пазарот, eMarketer, очекува дека Google оваа година ќе контролира 27 проценти од глобалната потрошувачка на дигитално рекламирање, вклучително и нешто повеќе од половина од потрошувачката за реклами поврзани со резултатите од пребарувањето и 10 проценти од трошоците за технологија за прикажување реклами.

Бројките можеби на почетокот не сугерираат монопол, но огласувачите и конкурентите тврдат дека софтверот на Google игра голема улога во многу аспекти на пазарот, што компанијата не може да ги избегне.

Тие тврдат дека Google ја користи зависноста на купувачи, продавачите и посредниците за да извлече високи давачки и да ја блокира конкуренцијата.

Доколку се потврдат информациите околу новата истрага на ЕУ, тоа ќе значи дека Брисел ќе отвори нов фронт во борбата против Google.

ЕК веќе ја казни компанијата со повеќе од осум милијарди евра во изминатите 10 години поради блокирање на конкуренцијата во мрежното купување и рекламирање преку Интернет и инсталирање на оперативниот систем Андроид на мобилни уреди.

Клучни зборови

  • Google
  • истрага
  • рекламирање
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk