Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Европска недела на претприемништво – Поддршка на МСП и континуирано вложување во нови генерации претприемачи

18 ное. 2024 г.·3 мин читање·307 прегледи

Следете не на Viber

Од денес до 24 ноември Агенцијата за поддршка на претприемништвото ја одбележува Европската недела на претприемништвото со богата програма од активности насочени кон едукација и инспирација на младите и претприемачите ширум Македонија. Со тоа Агенцијата има за цел да ја подигне свеста за важноста на претприемачкиот дух и да создаде позитивна претприемачка култура.

Во текот на Европската недела на претприемништво, Агенцијата ќе реализира низа активности за поттикнување на претприемачкиот дух. Во рамки на програмата, претставници на Агенцијата на 15 ноември имаа средба со учениците од средното училиште „Орце Николов“, при што младите имаа можност да се запознаат со основните принципи на претприемништвото и програмите и мерките кои ги нуди Агенцијата. Во рамките на оваа посета, в.д. директорот на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Даниела Димовска, се сретна со директорот на гимназијата „Орце Николов“, Митко Димовски, и со тимот професори од училиштето.

 

Димовска присуствуваше и на работилницата за млади во циркуларна економија што ја организираше ЏА Македонија, невладина организација предводена од извршниот директор Љупка Панчевска, која работи на развој на претприемничкото образование, финансиска писменост и подготовка на младите за работа (Girls Go Circular), проект развиен од Европскиот институт за информации и технологија и финансиран од ЕУ.

Во текот на денешниот ден се реализираа нови едукативни средби со учениците од средните училишта „Арсени Јовков“ и „Лазар Танев“, а предвидени се и активности со организациите од невладиниот сектор, кои работат на полето на унапредување на претприемништвото и развојот на малите и средните претпријатија

Како дел од одбележувањето, на 20 ноември претставници од Агенцијата ќе ги посетат „Винарија Чифлик“ од Битола и СВАРОГ од Прилеп, компании кои се и корисници на мерката менторство што ја спроведува Агенцијата, со цел да ја истакнат важноста на поддршката за мали и средни претпријатија и да ги охрабрат во нивниот понатамошен развој.

Во рамките на Европската недела на претприемништво, Агенцијата најавува и посебен настан – Mentors Awards 2023, кој ќе се одржи на 21 ноември, а е поддржан од Јапонската агенција за меѓународна соработка JICA. Овој настан има за цел да го препознае и награди придонесот на менторите кои со своето искуство и поддршка ги инспирираат младите претприемачи и играат важна улога во нивниот развој и успех.

Агенцијата како државна институција во рамките на своите редовни годишни програмски активности, реализира обуки за претприемачко образование и обуки за бизнис план во сите градови на државата и ги едуцира младите средношколци на вештините за дигитално и зелено претприемништвото, со цел да се поттикне претприемaчкиот дух кај младите генерации, особено преку основање бизниси на млади луѓе кои  ќе бидат доволно потковани да се задржат на пазарот трудот, бидејќи тоа е единствениот пат кон конкурентна економија на долг рок. Преку овие активности, Агенцијата континуирано вложува во нови генерации претприемачи и создава платформа за развој на успешни претприемачки приказни кои ќе ја поттикнат економијата и иновациите во Македонија.

Клучни зборови

  • Агенција за поддршка на претприемништвото
  • Европска недела на претприемништво
  • мали и средни претпријатија
  • млади претприемачи
  • ММСП
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk