Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисТехнологија

ЕВРОПЈАНИ ЛИДЕРИ ВО КОРИСТЕЊЕТО НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, но не во сите земји. Каде е Македонија на листата?

18 дек. 2025 г.·2 мин читање·1134 прегледи

Следете не на Viber

Европа е на чело на усвојувањето на вештачката интелигенција, покажуваат најновите податоци. Европејците ја прифаќаат вештачката интелигенција- но некои земји се позаинтересирани од други, според извештајот на европската статистичка агенција Еуростат. Според податоците за 2025 година, алатките за генеративна вештачка интелигенција (ВИ) ги користеле 32,7 проценти од жителите на Европската Унија на возраст од 16 до 74 години.

Сличен тренд покажа и неодамна објавениот извештај на американскиот технолошки гигант Microsoft, каде се наведува дека, откако ChatGPT на OpenAI беше лансиран во 2022 година, повеќе од 1,2 милијарди луѓе ширум светот користеле алатки за вештачка интелигенција.

Тоа е побрза стапка на усвојување од другите големи технологии, вклучувајќи го интернетот, персоналниот компјутер и паметниот телефон. Денес, Европската Унија е на чело на усвојувањето на вештачката интелигенција, особено нејзините најбогати земји, се наведува во извештајот.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, генеративната вештачка интелигенција била најраспространета во Данска, каде што ја користеле 48,4 проценти од граѓаните. Потоа следуваат Естонија со 46,6 проценти и Малта со 46,5 проценти од корисниците. Најмал удел на граѓани кои користат алатки за генеративна вештачка интелигенција е забележан во Романија (17,8 проценти), Италија (19,9 проценти) и Бугарија (22,5 проценти).

Во Европа надвор од ЕУ, Норвешка и Обединетото Кралство се исто така фанатици за вештачка интелигенција: 45,3 проценти од Норвежаните и 36,4 проценти од Британците редовно користат вештачка интелигенција, според извештајот.

Во регионот на Балканот е послабо користењето на алатки за вештачка интелигенција. Србија каде 18,6% од населението користи ВИ е престигната од Хрватска со 27,5 проценти, Северна Македонија со 22 проценти и Босна и Херцеговина со 20,3 проценти.

Мајкрософт соопшти дека глобално, усвојувањето на вештачката интелигенција е тесно поврзано со економијата на земјата. На Глобалниот Север, усвојувањето е околу 23 проценти, во споредба со 13 проценти на Глобалниот Југ.

Усвојувањето на вештачката интелигенција е исто така побрзо во земјите со силна електрична енергија, поврзаност и компјутерска инфраструктура. Сепак, речиси четири милијарди луѓе ширум светот живеат во региони каде што овие фактори остануваат предизвик.

„Разликата се должи не само на пристапот до алатки за вештачка интелигенција; таа ги одразува пошироките нееднаквости во инфраструктурата, образованието и јазикот“, се вели во извештајот.

(Фото: Anaf Ibn Shahibul 2 – Own work, CC BY 4.0)

Клучни зборови

  • балкан
  • Вештачка интелигенција
  • Европска Унија
  • еуростат
  • македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk