Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЕВРОПА ЈА ЗАТВОРА „ГАСНАТА СЛАВИНА“ од Русија до крајот на 2027 година

3 дек. 2025 г.·3 мин читање·998 прегледи

Следете не на Viber

Европската Унија го зацрта крајот на 2027 година како рок до кој треба да стане независна од рускиот гас. Европскиот парламент и Советот на ЕУ во средата наутро постигнаа договор за постепено укинување на увозот на руски гас и течен природен гас (ЛНГ), соопшти данското претседателство со Советот.

Со договорот се воведува правно обврзувачка, фазна забрана за увоз на руски течен природен гас и гас преку цевководи. Забраната за ЛНГ треба да почне да важи на крајот на 2026 година, додека увозот на гас преку гасоводи ќе се намалува во фази и ќе биде целосно укинат од есента 2027 година.

Предвиден е и преоден период. Краткорочните договори за течен природен гас склучени пред 17 јуни 2025 година ќе бидат забранети од 25 април 2026 година. За гасот кој пристигнува преку цевководи, крајниот рок за краткорочните договори е 17 јуни 2026 година. Кај долгорочните договори за ЛНГ, забраната ќе стапи на сила на 1 јануари 2027 година, во согласност со деветнаесеттиот пакет санкции на ЕУ. Долгорочните договори за гас преку гасоводи ќе почнат да се укинуваат од 30 септември 2027 година, во зависност од целите за складирање гас, а целосната забрана ќе важи од 1 ноември 2027 година.

Договорот предвидува и дополнителни обврски за Словачка и Унгарија, единствените земји-членки на ЕУ кои сè уште увезуваат руска сурова нафта и во голема мера зависат од руски природен гас. Од Европската комисија се бара догодина да предложи план за постепено укинување на извозот на руска нафта кон овие две држави до крајот на 2027 година. Братислава и Будимпешта долго време се спротивставуваа на иницијативите на ЕУ за ограничување на зависноста од руските енергенси.

Со постепеното укинување на увозот, ЕУ не сака само да ја намали енергетската зависност, туку и да спречи Москва да ја користи „гасната славина“ како средство на политички и воен притисок и да ги ограничи приходите што би можеле да се пренасочат за финансирање на војната во Украина. Иако увозот на руски гас нагло опадна по почетокот на инвазијата, се проценува дека околу 13 проценти од вкупниот увоз на гас на ЕУ во 2025 година и понатаму ќе потекнува од Русија, во вредност од приближно 15 милијарди евра годишно.

Белгија, исто така, останува точка на влез за руски ЛНГ. Гасот пристигнува преку Зебриџ, еден од клучните центри во глобалната трговија со течен природен гас. Операторот на терминалот, компанијата „Флуксис“, ќе треба да се приспособи на забраната за руски ЛНГ која стапува на сила на 1 јануари 2027 година. Пристаништето Зебриџ во 2024 година беше главната порта за влез на руски ЛНГ во Европа. Според извештај на Институтот за енергетска економија и финансиска анализа (IEEFA) објавен во февруари, преку Зебриџ биле увезени 6,93 милијарди кубни метри руски течен природен гас, што претставува пад од 11 проценти во однос на 2023 година, кога увозот достигнал 7,77 милијарди кубни метри.

Клучни зборови

  • ЕУ
  • руски гас
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk