Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЕВН официјално е сопственик и оператор на најголемиот лиценциран батериски систем во државата

12 мај 2026 г.·3 мин читање·11245 прегледи

Следете не на Viber

ЕВН Македонија го пушти во функција првиот батериски систем за складирање на електрична енергија (Battery Energy Storage System – BESS), поставен во рамки на фотоволтаичната централа „Пробиштип“. Со инсталирана моќност од 10 MW и капацитет од 20 MWh, системот претставува најголем батериски капацитет во рамки на целата ЕВН Групација, а воедно ја прави компанијата сопственик и оператор на најголемиот лиценциран батериски систем во државата. Со интеграцијата на оваа технологија, сончевата енергија произведена во текот на денот ќе може да се складира и користи во најповолен период, што овозможува поголема стабилност, флексибилност и ефикасност на енергетскиот систем.

По повод пуштањето во употреба на батерискиот систем, локацијата ја посетија членовите на Управниот одбор на ЕВН Македонија, управителите на компаниите ќерки, претставници од Општина Пробиштип, еминентни професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии, како и претставници на компанијата изведувач Интебако.

За време на посетата, на присутните им се обрати Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер.

„Денес стоиме пред нашето најново достигнување – батериски систем за складирање на енергија поставен на фотоволтаичната централа „Пробиштип“. Станува збор за еден од водечките проекти во областа на обновливите извори на енергија и најголем батериски систем во рамки на целата ЕВН Групација и државата. Наскоро капацитетот на системот ќе биде удвоен на 40 MWh. Опремата за е веќе испорачана и е во фаза на инсталација“, истакна г-дин Маиер.

Батерискиот систем е изведен со современа LiFePO4 (LFP) технологија, со стабилен и долг работен век од околу 10 години, односно 10.000 циклуси на работа. Системот е составен од повеќе батериски и PCS контејнери распоредени на површина од околу 580 квадратни метри. Батериите се произведени од CATL, еден од светските лидери во батериската индустрија, а системот за конверзија на енергија е обезбеден од K Star.

По интензивен процес на подготовка и реализација, проектот официјално е лиценциран на 9 април 2026 година.

Клучни зборови

  • Battery Energy Storage System
  • BESS
  • ЕВН
  • ЕВН Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk