Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ЕУ со поддршка на малите и средни компании, поттикнување на иновативноста и технолошкиот развој

22 јун. 2020 г.·2 мин читање·89 прегледи

Следете не на Viber

Секторската работна група за конкурентност и иновации, за ИПА 3 Програмата на ЕУ, предводена од  заменичката на претседателот на Владата за економски прашања, Мила Царовска,  денес одржа он-лајн работен состанок со претставници на меѓународните институции – донатори на средствата наменети за оваа програма.

Станува збор за нов циклус на програмата за донаторска помош од ЕУ од 2021 година, којшто се однесува на поттикнување на претриемништвото, поддршка на малите и средни претпријатија, олеснета трговија, дигитализација, како и поддршка на иновативноста и технолошки развој.

Вицепремиерката Царовска во своето воведно излагање рече дека Владата во својата Стратегија за приоритет го смета индустрискиот раст и развој, јакнењето на домашните бизниси и новите иновативни идеи, како и продолжување на директните инвестиции кои имаат значајно учество во економскиот раст и развој на државата. Владата ќе биде посветена за спроведување на потребните реформи за унапредување на бизнис климата и обезбедување на подобри услови за сите компании, особено малите и средните фирми, а поддршката од ЕУ е добродојдена за исполнување на потребните критериуми и усогласување на домашното законодавство со европското, пред се во насока на отворање на преговорите за членство во Унијата.

Клучни зборови

  • Влада
  • економија
  • индустриски раст
  • коронавирус
  • макроекономија
  • мерки
  • Мила Царовска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk