Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ЕУ ја намалува зависноста од странски добавувачи во шест сектори

1 јун. 2021 г.·2 мин читање·612 прегледи

Следете не на Viber

Европската унија претстави план за намалување на зависноста од кинески и други странски добавувачи во шест стратешки области.

Планот е развиен по економскиот пад предизвикан од пандемијата, а некои од областите се суровини, фармацевтски состојки и полупроводници.

Планот на блокот од 27 нации ја истакнува итноста на задачата, објаснувајќи дека Европа се потпира на Кина за околу половина од 137 производи што се користат во “чувствителни” екосистеми, главно суровини, фармацевтски производи и други производи важни за зелени и дигитални цели. 

Ажурираниот план за индустриската стратегија ЕЦ е дизајнирана откако пандемијата укажа на проблемот со „тесните грла“ во синџир на снабдување, поради што ЕУ планира да спроведе детална ревизија на добавувачи на суровини, батерии, активни фармацевтски состојки, водород, полупроводници, и да се одлучи за идниот бизнис со нив.

„Денешната ажурирана индустриска стратегија е за опремување на нашите индустрии за да се поттикне дигиталната и зелена трансформација на економијата, истовремено обезбедувајќи конкурентност на нашите индустрии во контекст на закрепнување од кризата со пандемијата“, рече заменик-претседателот на ЕК, Магрет Вестагер на прес-конференција.

Мерките на ЕУ може да вклучуваат „диверзифицирање на понудата и побарувачката со потпирање на различни трговски партнери секогаш кога е можно, но исто така и залихи и дејствување независно секогаш кога е потребно“, се вели во документот на 19 страници.

За да се намали зависноста од увоз, земјите од ЕУ можат да здружат ресурси за важни проекти од заеднички европски интерес во облак-компјутерите од следната генерација, индустријата за водород, индустријата со ниски јаглеродни, фармацевтски и полупроводници.

Клучни зборови

  • добавувачи
  • Европска Унија
  • пандемија
  • полупроводници
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk