Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

ЕУ ДИГИТАЛИЗИРА, МАКЕДОНИЈА ЗАОСТАНУВА: 32% користење на е-владини услуги

17 мар. 2026 г.·3 мин читање·2755 прегледи

Следете не на Viber

Дигиталните услуги стануваат сѐ поважен дел од секојдневието на граѓаните ширум Европа, но јазот меѓу земјите и понатаму е значителен. Додека во некои држави речиси целото население комуницира со институциите онлајн, Македонија сѐ уште се обидува да го фати чекорот со европските трендови.

Во 2025 година, 71,9 проценти од граѓаните во Европската Унија на возраст од 16 до 74 години користеле веб-страници или апликации на јавни институции, што е пораст од 1,9 процентни поени во однос на 2024 година и 4,3 процентни поени во споредба со 2022 година, кога започна мерењето. Овие податоци покажуваат континуиран раст на довербата и потребата од дигитални јавни услуги.

Сепак, во Македонија користењето на е-влада останува значително пониско. Само 32,32 проценти од граѓаните користеле електронски услуги, што ја става земјата под европскиот просек, но и зад повеќето земји од регионот. Во споредба, граѓаните во Грција ги користеле овие услуги во 71,99 проценти од случаите, во Хрватска 65,68 проценти, Србија 64,23 проценти, Црна Гора 52,39 проценти, Босна и Херцеговина 37,87 проценти, а Бугарија 35,95 проценти.

И покрај тоа, домашните институции бележат позитивни сигнали. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, неодамна информираше дека Порталот за услуги бележи рекорден раст, со 290 проценти зголемување на издадените услуги и 166 проценти раст на бројот на корисници во текот на 2025 година. Според него, ова покажува дека граѓаните постепено ја прифаќаат дигиталната комуникација со институциите, а платформата континуирано се надградува со три до четири нови услуги месечно.

Кога станува збор за тоа како македонските граѓани ги користат овие услуги, најчести се најосновните административни потреби. Преземањето или печатењето официјални обрасци го користеле 17,11 проценти од граѓаните, барањето документи или сертификати 15,44 проценти, пристапот до јавни бази на податоци 12,94 проценти, а увидот во лични информации 10,96 проценти.

На европско ниво, пак, најголемиот дел од корисниците ги користат е-владините услуги за информирање, дури 44,2 проценти пребаруваат информации за услуги, закони или бенефиции. Пристапот до лични податоци е втора најчеста активност со 41,3 проценти, додека поднесувањето даночни пријави е на трето место со 38,2 проценти. Граѓаните често користат и услуги како закажување термини, преземање документи или добивање официјална комуникација од институциите.

Разликите меѓу европските земји се особено видливи. Данска е лидер со 98 проценти од населението кое користи дигитални јавни услуги, следена од Холандија, Финска и Шведска, каде што оваа бројка надминува 96 проценти. На спротивниот крај се Романија со 24,1 процент, Бугарија со околу 36 проценти и Италија со 57,7 проценти.

Иако Македонија сè уште е далеку од европскиот врв, трендот на раст и зголемениот интерес за Порталот за услуги укажуваат дека дигиталната трансформација почнува да добива вистинска динамика. Прашањето што останува е дали овој раст ќе се забрза доволно за земјата да го намали јазот со регионот и ЕУ.

(Фото: Unsplash)

Клучни зборови

  • дигитални услуги
  • евростат
  • ЕУ
  • македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk