Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЕСМ може да зајакнува, но не е на продажба – тврди Бектеши

15 мар. 2024 г.·2 мин читање·825 прегледи

Следете не на Viber

Државата треба да има домашни енергетски капацитети и сопствено производство. Стратегијата за развој на енергетиката и документи што ги носи Министерството за економија не предвидуваат продажба на АД ЕСМ. Напротив, треба да ги зајакне капацитетите за да биде столб на енергетскиот сектор во земјава.

Сомневањата за можна продажба на државните електрани ги подгреа припојувањето на ТЕЦ „Неготино“ кон ЕСМ, со што компанијата доби на вредност. Сега основната главнина на АД ЕСМ е во износ од 525,15 милиони евра. Или 32.311.373.000 денари, поделени на 32.311.373 обични акции со номинална вредност од илјада денари по акција.

„Додека сум јас министер за економија и член на Владата, тоа никогаш не може да се случи. Но, и јас ако не сум, ако мојата политичка партија ДУИ е во Владата, пак нема да се случи“, дециден е министерот за економија, Крешник Бектеши.

Напротив, вели, додека е на таа позиција, капацитетите на ЕСМ може само да зајакнуваат.

„Нашата политика е дека треба да имаме домашно производство, домашни капацитети, со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните за да има пониски цени“, вели министерот.

Но, доколку некој има друга опција, тогаш, повикува Бектеши – нека ја презентира пред граѓаните јавно, па тие да одлучат дали сакаат да се продава ЕСМ или не.

АД ЕСМ официјално го зема под свое ТЕЦ „Неготино“ на 29 февруари. Тој ден ТЕЦ е избришана од Централниот регистар, со што сиот имот стана сопственост на ЕСМ. Тоа, пак, е овозможено со издавање акции во вредност од 9,3 милиони евра, при што институционален инвеститор е Владата.

Клучни зборови

  • есм
  • Крешник Бектеши
  • ТЕЦ Неготино
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk