Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЕСЕНСКИТЕ КУЛТУРИ ДА СЕ ЗАШТИТАТ од ниските температури со полевање, но и со агротекстил

4 ное. 2024 г.·2 мин читање·1732 прегледи

Следете не на Viber

Есенската сеидба е веќе почната кај некои култури, а кај некои е веќе при крај. Кај многу култури, првата фаза – никнење, е многу значајна за нормален склоп и почетен развиток. Но, доколку има отсуство на врнежи може негативно да влијае врз сеидбата на есенските култури и нивно поникнување. Во вакви услови, доколку културите поникнат, влегуваат во зимата недоволно потготвени и може да претрпат штети од ниски зимски температури. Агролозите велат дека затоа е потребно залевање со мала залевна норма веднаш по сеидбата.

Растителните видови кои ги одгледуваме на отворено или во пластеници се изложени на ниски температури, а за да може што подолго да ги користиме или да ги зачуваме во текот на зимата, потребна им е заштита.

За таа цел, земјоделците велат дека најчесто се користи агротекстил. Неговата предност е што е лесен материјал кој не ги оптоварува и оштетува растенијата, пропушта вода и светлина и овозможува циркулација на воздухот. Растенијата што ги покриваме продолжуваат да растат и да се развиваат.

Најчесто се заштитуваат грмушките рози, овошјето и четинарите, виновата лоза, украсните растенија. Од зеленчукот најчесто се покрива спанаќот, младиот кромид, празот и зелената салата, но и други култури како ротквици, рукола, магдонос и зелка.

-Се изработуваат од полипропиленски влакна и имаат различни намени. Во зима најчесто се користи зимски бел агротекстил кој штити од мраз и студен ветер и не дозволува температурни флуктуации во зоната на покриените растенија. Неговата дебелина е 50 г/м². Температурата под неа е за 5ºC повисока од околината. Почвата под агротекстилот преку ден се загрева побавно, но и ноќе побавно се лади. Температурните осцилации се помали, а растението има способност да се прилагодува на промените. Наводнување, доколку е потребно, може да се врши и преку покривката.

Постигнува одлични резултати во производството на зелка, зелена салата, рукола, спанаќ, но и грав, млад кромид, блитва и ендивија.

Клучни зборови

  • есенски култури
  • земјоделство
  • ниски тремператури
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk