Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Ердоган го разреши шефот на централната банка заради рекордниот пад на лирата

9 ное. 2020 г.·2 мин читање·1263 прегледи

Следете не на Viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го разреши денес шефот на централната банка поради високата инфлација и рекордно ниската вредност на лирата.

Поранешниот министер за финансии Наци Агбал ќе го замени Мурат Ујсал, според претседателскиот указ објавен во Службен весник.

Одлуката е донесена откако лирата изгуби скоро третина од својата вредност од почетокот на годинава – во петокот достигна рекордни 8,58 во однос на американскиот долар, а годишната инфлација беше 11,89 проценти.

Ујсал беше назначен за претседател на централната банка во јули 2019 година, откако неговиот претходник не успеа да ги намали каматните стапки за да ја зајакне економијата.

Ердоган повика на пониски каматни стапки, негирајќи ја воспоставената економска теорија дека високите стапки можат да ја намалат инфлацијата. Тој смета дека како што паѓаат каматните стапки, така паѓа и инфлацијата.

Минатиот викенд тој ги опиша каматните стапки, курсот и инфлацијата како „ѓаволски триаголник“.

Ердоган и турскиот министер за финансии, неговиот зет Берат Албаирак, честопати ги обвинуваат странските сили за економските проблеми на Турција.

Агбал беше назначен од претходната позиција како шеф на претседателскиот директорат за стратегија и буџет. Тој беше министер за финансии од 2015 до 2018 година.

Неговата нова улога доаѓа во момент кога Турција стравува од влошување на односите со Соединетите држави доколку кандидатот на демократите Џо Бајден победи на трката за претседател.

Клучни зборови

  • валута
  • вредност
  • ердоган
  • лира
  • Турција
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk