Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

EOS Matrix: За помалку од три години наплатени 29,2 отсто од долговите

10 јул. 2025 г.·4 мин читање·3900 прегледи

Следете не на Viber

Трендот на задолжување кај банките од страна на граѓаните и бизнисот е присутен, но и во такви услови Еос Матрикс, компанијата што се справува со туѓите долгови, успеала сосема да затвори 29,2 отсто предмети. И тоа во период пократок од три години, сметано од моментот на преземањето на должничките случаи од некоја од финансиските институции во земјава.

Овој резултат покажува дека со професионално управување, персонализирани решенија и поддршка базирана на иновативни дигитални решенија, може да се постигне одржливо решавање на обврските и да се врати вредноста во стопанството преку подобрување на ликвидноста на компаниите, развој на секундарниот финансиски пазар и зајакнување на економскиот потенцијал на земјата, истакна главниот извршен директор на EOS Matrix Северна Македонија и EOS Косово, Катерина Бошевска.

„Нашата стратегија се темели на комбинација од професионален пристап, технолошки иновации и транспарентна и лесно следлива комуникација. Ја зголемивме ефикасноста на процесите, воведувајќи иновативни дигитални алатки. Тоа ни овозможи да го прошириме фокусот и кон клиентите со зголемен ризик – со цел да понудиме реални и изводливи решенија, прилагодени на нивната финансиска состојба“, посочи Бошевска.

Како што наведе, се воспоставува личен контакт со должниците и им нудат персонализирани решенија за постоечкиот должнички проблем. Или, на корисниците им нудат прифатливи модели за поефикасно регулирање на обврските, прилагодени на висината на долгот, староста на побарувањето, правниот статус и останатите релевантни фактори кои влијаат на решавањето на нивната состојба на задолженост. Со примена на ESG стандардите, EOS Матрикс гради модел на одговорно работење што го препознава и социјалниот аспект на задолжувањата.

„Со нашето работење не само што придонесуваме кон наплата и управување на долгови, туку директно влијаеме на конкурентноста на домашните компании, нивната способност за нови инвестиции и стабилно работење,“ додава Бошевска, нагласувајќи дека со тоа се овозможува побрза циркулација на капиталот и отворање нови економски можности.

EOS Матрикс Македонија денес функционира како технолошки напредна платформа, благодарение на својата групациска ИТ-инфраструктура која постојано се надградува. Еден од најновите чекори е имплементацијата на AI Assistant, дигитален асистент кој преку напредно учење овозможува поефикасно и прилагодено управување со наплатата, како и поинформирано донесување одлуки од страна на компаниите и граѓаните.

Дополнително, корисниците веќе ја имаат на располагање и MyEOS – дигиталната платформа што овозможува онлајн увид во состојбата, персонализирани совети и флексибилни модели за отплата. Преку оваа напредна алатка корисниците добиваат брз пристап до финансиските податоци, како што се проверка на износот на задолжувањата, статусот на документите, следење на плаќањата и реализацијата на новите трансакции.

ЕОС Матрикс е водечка компанија во секундарниот финансиски пазар во земјата. Таа е дел од Групацијата ЕОС која е присутна на повеќе од 20 пазари и управува со портфолио инвестиции од околу 510 милиони евра и вработува 6.000 финансиски експерти ширум Европа. Преку своите деловни активности, ЕОС Матрикс Македонија во континуитет помага во развојот на секундарниот финансиски пазар во земјава. Компанијата нуди иновативни решенија кои овозможуваат подобрување на финансиската солвентност на македонските граѓани и компании, ја зголемуваат нивната конкурентност и позитивно влијаат на развојот на националната економија.

„Нашата стратегија се темели на комбинација од професионален пристап, технолошки иновации и транспарентна и лесно следлива комуникација. Ја зголемивме ефикасноста на процесите, воведувајќи иновативни дигитални алатки. Тоа ни овозможи да го прошириме фокусот и кон клиентите со зголемен ризик – со цел да понудиме реални и изводливи решенија, прилагодени на нивната финансиска состојба“, вели директорката.

Исто така, корисниците веќе ја имаат на располагање и MyEOS – дигиталната платформа што овозможува онлајн увид во состојбата, персонализирани совети и флексибилни модели за отплата. Преку оваа напредна алатка корисниците добиваат брз пристап до финансиските податоци, како што се проверка на износот на задолжувањата, статусот на документите, следење на плаќањата и реализацијата на новите трансакции.

„Со нашето работење не само што придонесуваме кон наплата и управување на долгови, туку директно влијаеме на конкурентноста на домашните компании, нивната способност за нови инвестиции и стабилно работење,“ додава Катерина Бошевска, главен извршен директор на EOS Matrix Северна Македонија и EOS Косово, истакнувајќи дека со тоа се овозможува побрза циркулација на капиталот и отворање нови економски можности.

ЕОС Матрикс е водечка компанија во секундарниот финансиски пазар во земјата. Таа е дел од Групацијата ЕОС која е присутна на повеќе од 20 пазари и управува со портфолио инвестиции од околу 510 милиони евра и вработува 6.000 финансиски експерти ширум Европа. Преку своите деловни активности, ЕОС Матрикс Македонија во континуитет помага во развојот на секундарниот финансиски пазар во земјава. Компанијата нуди иновативни решенија кои овозможуваат подобрување на финансиската солвентност на македонските граѓани и компании, ја зголемуваат нивната конкурентност и позитивно влијаат на развојот на националната економија.

Клучни зборови

  • ЕОС Матрикс
  • наплата на долгови
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk