Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Енерго Технома 2024 од 29 до 31 октомври: Одржливите енергетски навики во фокусот на саемот

12 окт. 2024 г.·3 мин читање·783 прегледи

Следете не на Viber

Меѓународниот саем на енергетика, електротехника, ладење и греење, соларни системи, пумпни системи, технологија и технолошки системи – Енерго Технома 2024 – ќе се одржи во Арената „Борис Трајковски“ од 29 до 31 октомври. На тој простор ќе бидат претставени сите иновативни решенија и најновите технологии во областите кои вклучуваат одржливи навики.

По неколкугодишна пауза, повторно во организација на Скопски саем, на едно место ќе бидат бројни компании кои ќе ги презентираат најсовремените технологии и услуги кои најчесто користат обновливи извори на енергија. Програмата на изложување вклучува: технологии за производство на енергија, енергетски постројки и опрема, енергетски ефикасни материјали, електро и електронска индустрија, системи за ладење и греење, пумпи и пумпни системи, трансформатори, производство, трансформација и пренос на електрична енергија, геотермална енергија, енергија добиена од ветер и сонце, технолошки системи, екологија, заштита на човекова околина, планирање и проектирање на зелени површини, градежни и изолациони материјали, како и технички и технолошки иновации.

Меѓународниот саем ТЕХНОМА е бренд кој постои веќе четири децении и претставува место каде што со години наназад претставниците на најголемите домашни, но и странски производители во областа на металургијата, електротехниката, енергетиката и градежништвото ги претставуваат и промовираат своите иновативни и ефикасни производи и методи, со континуирано претставување на индустриското стопанство во регионот и најновите достигнувања во областа на технологијата.

Саемот не се одржуваше неколку години, но Скопски саем направи напор повторно да го организира и да ја врати довербата кај компаниите и институциите за капацитетите за одржување вакви манифестации. На тој начин пред институциите, компаниите и пошироката јавност, ќе се претстават развојните програми и проекти кои се планирани да се реализираат во иднина.

Во светот на современото производство, индустриите кои се дел од одржливите технологии и решенија имаат клучна улога за иднината. Фокусот на презентираните решенија, не само што ги задоволуваат тековните потреби на ова време, тие истовремено промовираат одржливост и поголема свесност за заштита на природата.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат одблиску со најновите технолошки иновации презентирани на овој Саем, благодарение на претставените компании кои се свесни за растечката потреба на енергетска ефикасност и одржливите технологии.

Енерго Технома е одлична можност за компании кои се фокусираат на иновативни решенија кои ја заштитуваат животната средина и ја демонстрираат својата одговорност кон идните генерации.

Клучни зборови

  • енерго технома 2024
  • меѓународен саем за енергетика
  • скопски саем
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk