Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Бислимовски: Енергетската криза не е завршена

25 јун. 2023 г.·2 мин читање·2621 прегледи

Следете не на Viber

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски во поткастот „Каде се парите“ изјави дека тој лично е против враќање на 1 јули на данокот на додадена вредност за електрична енергија од сегашните 10% на 18%. Смета дека се уште енергетската криза не е во потполност завршена и дека задржувањето на пониската стапка на овој данок ќе остави простор за подобро превенирање на можни идни енергетски шокови.

„Ако ме прашувате мене лично, јас сметам дека би било добро да се почека со промената на ддв – то бидејќи се уште немаме целосно стабилизирани цени на електрична енергија и на природен гас и во Европа и во Македонија. Предвидувањата се еве баш денес HUDEX за фјучерсите за во 2024 година цена на електрична енергија, тоа е на унгарската берза се околу 160 евра за мегават час“, вели Бислимовски и додаде дека оваа цена е три пати поголема од 2021 година.

Исто така тој истакна и дека долгот што го имаат кон ЕВН од 50 милиони евра настанат бидејќи оваа компанија за време на врвот на енергетската криза набавуваше струја за технички загуби по многу високи цени, а кои Комисијата не ги вметна во трошоците за да нема зголемување на цената на струјата за граѓаните, ќе бидат враќани по 10% годишно. Бислимовски смета дека сепак нема да требаат 10 години за да се расчисти долгот кон ЕВН, туку овој период ќе биде пократок и компанијата ќе си ги добие овие 50 милиони евра побрзо.

Г. Т.

Клучни зборови

  • Горан Теменугов
  • каде се парите
  • Марко Бислимовски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk