Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Емоции во продажба: ЦЕЕД и Петар Лазаров со уникатен тренинг

2 ное. 2023 г.·3 мин читање·1139 прегледи

Следете не на Viber

Продажните вештини често се сметаат за нешто што човек или „го има“ или „го нема“. Тоа, се разбира, едноставно не е точно – продажните вештини може да ги научи секој кој е подготвен да научи како да создава вредност за другите. Создавањето на вредност пак, е клучната продажна вештина и таа е длабоко поврзана со умеењето работите да се согледаат од перспектива на „другата страна“.

Во таа насока на 17.10.2023 ЦЕЕД и Петар Лазаров ја реализираа првата од серија тренинзи со наслов: Продажна ДНК 2.0 каде учество земаа 15 учесници од различни компании кои ја следеа и финално искористија Продажна скрипта која се прилагодува согласно бизнис моделот и принципот на работа на секоја компанија, а која заедно ја следни менаџерот на тимовите на продажба, заедно со продажните експерти кои ја прават обуката.

Тренингот започнува со навидум едноставно прашање, односно „Која е вистинската причина за неуспех во продажбата?“ за набрзо потоа да сфатиме дека одговорот е многу посложен од очекуваното.

Фидбекот од дел учесниците е:

  • Петар е личност која има огромно познавање и нуди конкретна примена на неговите совети ..
  • За време на тренингот се добиваат многу идеи во насока на тоа како да се подобри ефикасноста и функционирањето на продажниот тим ..
  • Скриптата како уникатна компонента на тренингот е многу корисна, базирана на факти и нуди реална примена во секојдневието ..

Видео од атмосферата на самиот тренинг

 

Лазаров за обуката вели:

Продажната ДНК 2.0  е една од најпрактичните работилници за продажба која што постои во нашиот регион, каде учество земаат вработените во продажните тимови, но и нивните менаџери! Заедно стануваат дел од патешествието на еден купувач и влегуваат во главата на продавачот со цел да откријат низ што купувачот минува додека трае еден купо-продажен процес.

Истата има за цел да им помогне на сопствениците на бизнисите да постават структура и квалитетен продажен тим, односно унифицираност во истиот, презентирање со сигурност, поставување на прашања, одговарање на приговори, зголемување на интерактивноста помеѓу продажниот тим и клиентите, остварување на продажба и дефинирање на следните чекори после продажбата.

Тренингот е организиран во 2 дена по 4 часа, а веќе втората група започнува на 7ми и 8ми ноември 2023. За пријава на истиот се што треба да се направи е да се испрати барање на ceed@ceed-macedonia.org или директен повик на 076496614 со цел информирање за останатите детали.

Клучни зборови

  • Петар Лазаров
  • ЦЕЕД
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk