Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Како да ги „натерате“ луѓето да одговорат на вашите емаилови?

19 авг. 2020 г.·2 мин читање·118 прегледи

Следете не на Viber

Колку емаилови добивате дневно? Колку игнорирате? Одговорите на овие прашања може да ви помогнат да разберете зошто е тешко да ги натерате луѓето да го читаат вашиот емаил.

Она што можете да направите е да ја подобрите содржината на емаилот. Тоа ќе помогне да го привлечето вниманието на примателот. 

Компанијата за аналитика Yesware, спроведе анализа на 500.000 емаилови за да ги идентификуваат тактиките што водат до повисоки стапки на отворање на емаил. 

1. Испратете емаил за време на викендите

Многу луѓе претпоставуваат дека понеделник е најдобриот ден за испраќање емаил. Според Yesware, не е така. Тие тврдат дека просекот на отворање и одговарање на емаил е ист во сите работни денови. Сепак, истите тие проценти драстично растат кога станува збор за викендот. Има еден улов: луѓето кои не сакаат да читаат деловни пораки за време на викендите, веројатно ќе ве игнорираат.

2. Должината на содржината не е битна

Доколку сметате дека предметот или насловот на емаилот мора да биде многу краток и концизен, опуштете се. Yesware утврди дека должината на содржината не влијае на стапките на реакција или на читање. Она што е важно е изборот на зборови. Зборовите „чекори“, „кампања“ и „следно“ имаа позитивно влијание, додека најниските стапки на одговор се однесуваа на темите што ги содржат зборовите „календар“ и „преку Интернет“.

3. Користете „CC“

Постои тврдење дека шансите за одговор се поголми доколку ги ставите сите контакти во полето на примачот. Yesware, од друга страна, тврди дека ова е заблуда и дека стапката на одговор се зголемува за 10 проценти ако поставиме еден или двајца приматели во полето „CC“. Логиката што стои зад ова е дека во ситуација кога сите контакти се во областа на примателот, одговорноста се распрснува и сите претпоставуваат дека некој друг ќе одговори на поштата.

Клучни зборови

  • е-пошта
  • емаил
  • продуктивност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk