Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Елизабета Втора – монарх со најголемо влијание врз парите во историјата

7 окт. 2022 г.·3 мин читање·946 прегледи

Следете не на Viber

Кралската ковачница на Обединетото Кралство ги откри првите официјални монети со портрет на кралот Чарлс III. Официјалниот портрет од ковани пари на кралот, создаден од познатиот британски скулптор Мартин Џенингс беше лично одобрен од монархот. Во согласност со традицијата, портретот на кралот е свртен налево, односно во спротивна насока од портретот на кралицата Елизабета II.

ЛИКОТ НА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА 7 ДЕЦЕНИИ НА БАНКНОТИТЕ

Кралицата Елизабета Втора влијаела на многу елементи на културата, но нејзиното присуство е особено видливо на банкнотите. Поточно, нејзиниот лик е на банкнотите речиси цел живот – првпат се појави на канадската банкнота од 20 долари кога имала осум години. Во текот на следните речиси девет децении, Елизабета Втора постави рекорди и учествуваше во значителни промени во парите и инвестициите златни и сребрени монети, не само на островот, туку и низ целиот свет.

Како прво, таа беше единствениот монарх во британската историја чиј лик е на фунтата во период од речиси седум децении, како и единствениот монарх чиј потпис се појавуваше на златните и сребрените монети за време на нејзиниот живот.

Кралицата се појавува на задната страна на најголемиот златник во светот – австралискиот кенгур, кој тежи еден тон чисто злато и вреди 1 милион австралиски долари. Елизабета Втора е и првиот монарх што се појавил на британската фунта. Ова се случи само осум години откако таа се искачи на тронот.

Некои земји, како што е Канада, почнаа да го менуваат изгледот на својата монета веднаш по нејзиното крунисување. Надвор од Обединетото Кралство, нејзиниот лик може да се најде на повеќе од триесет други монети, што ја прави личност чиј лик се појавува на паричка најмногу во историјата, со што доби Гинисов рекорд. По неа следи кралицата Викторија, која се појави на 21 за време на нејзиниот живот.

Податоците од Tavex покажуваат дека по веста за смртта на кралицата, побарувачката за британски инвестициски монети значително се зголемила. Ова е глобален тренд. Во иднина може да се очекува лимитирана серија за комеморација на животот и владеењето на Елизабета Втора. Кралската канадска ковница веќе навести дека почнува да работи на нејзиниот изглед.

Во земјите со ликот на кралицата на нивните банкноти и монети, монетата ќе биде заменета со банкноти и монети со ликот на новиот монарх. Ова е сериозна логистичка задача за која ќе биде потребно време.

Институциите одговорни за монети (Royal Mint) и банкноти (Bank of England) нагласуваат дека готовината со ликот на кралицата останува законско средство за плаќање. Нема временска рамка за негова замена. Истото важи и за Канада, каде што на канадската банкнота од 20 долари стои ликот на Елизабета Втора.

Клучни зборови

  • Кралицата Елизабета Втора
  • монети
  • нови монети
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk