Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КУМАНОВО-КРИВА ПАЛАНКА ГОТОВ ДО НОВА ГОДИНА, до Софија ќе се стасува за два ипол часа возење, вети вицепремиерот Николоски

23 јул. 2024 г.·2 мин читање·1202 прегледи

Следете не на Viber

Ќе ги употребиме сите расположливи ресурси и експресниот пат од Куманово преку Ранковце до Крива Паланка ќе го завршиме до крај на годината, и покрај сите проблеми што ги наследивме од претходната Влада, истакна заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николовски, при денешната посета на терен во општина Ранковце, каде е во тек изведбата на патот кон границата со Бугарија. „Овој експресен пат кој ја поврзува Крива Паланка преку Ранковце до Скопје но исто така поврзува два големи центри Скопје и Софија е од огромно знаење за сите граѓани и за бизнис секторот“, рече министерот.

Николовски на терен излезе заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, а двајцата беа придружувани од градоначалникот на Ранковце како и преставници од изведувачот и надзорот, извршија увид во изградбата на експресниот пат Kumanovo- Ранковце – Крива Паланка.

Министерот Николоски потенцираше дека во перидот од преземање на функцијата значително е засилена динамиката на градежни активности на терен. Експресниот пат се гради во две делници, истиот е со должина од 25,5 километри со вкупна вредност од 93,7 милиони евра.

“Овие четири недели ги искористив да ги анализарам проектите и не сум многу среќен. Има проблем со експропријација, со изведба, но тука сме да ги решаваме проблемите и ќе ги решиме“, рече Николоски. Тој, притоа истакна дека новата влада затекнала проект кој имал слаба динамика, проект кој имал многу проблеми во минатото.

„Заедно со директорот на ЈПДП Коце Трајановски, посветивме и ќе посветиме силно внимание во иднина и затоа можам со задоволство да кажам дека овој експресен пат ќе бидет готов до нова година и потоа сите жители на Македонија па и на Бугарија ќе можат да го користат”, изјави министерот Николоски од Ранковце.

Директорот на ЈПДП, Трајановски потсети дека работите на изградбата на експресниот пат кон Бугарија беа почнати 2018 година. Првата делница, во должина од 15,5 километри и со вредност од 43,2 милиони евра имала прогрес околу 68 % изграденост, на потег Длабочица – Чатал. Подалеку е отидено со изградбата на вториот дел, кој е во должина од 9 километри и тој е во вредност од 50,5 милиони евра, а изграденоста е некаде со прогрес од 91 %.

Клучни зборови

  • Александар Николоски
  • бугарија
  • експресен пат
  • ЈП Државни Патишта
  • Коце Трајановски
  • Куманово-Крива Паланка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk