Додека регионот и Македонија ги тресат протести против големите маркети, за кои се вели дека наметнуваат неоправдано високи цени, Пари истражува кој колку ставил плус во целиот синџир на исхрана за да стигнеме до високите цени. Ги анализираме десетте најголеми производители и трговци на големо, како и седумте најголеми продажни синџири на храна на мало. Во центарот на истражувањето ни се нето-профитните маржи. По дефиниција, тие претставуваат процентуално учество на остварената нето-добивка во вкупните приходи.
Завршните сметки за 2024 година сѐ уште не се поднесени, па заедно со Бизнис Мрежа ги анализираме податоците од 2023 година.
Во просек, секој од најпознатите трговски синџири има профитна маржа од 4,11 насто. Кај десетте најголеми производители по приход просекот на нивните маржи е 6,53 насто, а кај дистрибутерите е 3,47 насто.
Нето-профитната маржа не значи де…