Пари во соработка со Бизнис Мрежа веќе традиционално ги претставува 100-те најголеми компании по приход, добивка и вработени. Покрај табелите во кои може да видите кои се најмоќните фирми и какви резултати имаат, подготвивме серијал за адекватно да ја претставиме моторната сила на македонската економија. Во нашата анлиза не се земени предвид претпријатијата со доминантна државна сопственост, банките и финансиските институции.
Во овој воведен текст откриваме дека најголемите 100 компании по приход во 2024 година креиралe поголем вкупен приход од оној што тие заеднички го реализирале во 2023 година. Тој тренд на зголемување е присутен и кај вкупната добивка на 100-те најпрофитни фирми, како и кај бројот на вработените на најголемите работодавачи. Но, состојбата е малку поинаква ако се споредат листите на 100 најголеми компании во 2024 со тие од 2023 година. Иако н…