Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Едукација

Едноставноста е клуч на деловниот успех во овие турбулентни времиња

17 ное. 2020 г.·2 мин читање·1133 прегледи

Следете не на Viber

Пандемијата на Kовид 19, значително влијаеше на начинот на работа. Преку ограничувања на Владите ширум светот, здравствени мерки и социјално дистанцирање, нашиот свет се смени преку ноќ и колку е покомплицирано нашето секојдневие, толку со поголема едноставност треба да им помогнеме на компаниите да донесат правилни одлуки и да го одржуваат својот бизнис.

Без разлика дали станува збор за брз одговор на организациската промена поради постојано променливите околности на оваа година или поради напорите да се задржи деловната предност на сè поконкурентните пазари, компаниите никогаш не биле соочени со толку предизвици како денес.

Партнерите, вклучувајќи дистрибутери, независни продавачи на софтвер или даватели на ИТ решенија, не се исклучок. За да бидете денес агилни, потребна ви е наједноставна можна врска со добавувачите.

Во ИТ инфраструктурата, клучната точка отсекогаш била поедноставување на ИТ производите и решенијата, со цел да им се овозможи на компаниите побрзо да се развиваат и трансформираат, со што стануваат поефикасни. Денес, веруваме дека е императив добавувачите да ги применуваат истите концепти за односите со нивните партнери.

Прво, информациите за партнерот мора да бидат јасни и лесно достапни. Како добавувачи, не можеме да очекуваме од нашите партнери да бараат десетици документи, кои понекогаш не се достапни ниту на локалниот јазик. Додека се работи на  понуда на ИТ инфраструктура, треба да се воведува поголема автоматизација и транспарентност. Без разлика дали станува збор за ажурирање на информациите на вашиот клиент, заштита на нивните датотеки, вршење плаќања или пресметување на маргините.

Клучни зборови

  • дистрибутери
  • пазари
  • пандемија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk