Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Една недела заклучување ја чини Австрија 1,7 милијарди евра 

2 фев. 2021 г.·2 мин читање·4290 прегледи

Следете не на Viber

Претседателот на трговската комора на Австрија, Харалд Махрер истакна дека Австрија е заклучена и секоја недела, тоа Австија ја чини 1, 7 милијарди. Тој се залага за постепено и забрзано отворање на деловни активности кои страдаат од вакво заклучување. Во Австрија бизнисите се затворени скоро три месеци поради пандемијата.

Махрер предупреди дека доколку бизнисите не се отворат до 8 февруари, загубите ќе бидат огромни.

„Заклучувањето чини 1,1 милијарди евра секоја недела, и ако на тоа се додадат дополнителни ефекти, тогаш таа сума ќе порасне на 1,7 милијарди евра“, нагласи тој.

Во интервју за австрискиот портал Хеуте, тој изјави дека продолжувањето на заклучувањето ќе значи, како што рече, уништување на работните места до Велигден. Марер смета дека повторното отворање на бизнисот во овој момент би било безбедно и дека социјалните партнери се согласуваат.

Тој потсети дека има протоколи за тоа како да се однесуваме во пандемија, дека маските FFP2 мора да се носат, тестираат и вакцинираат. Австриската стопанска комора спроведе истражување меѓу граѓаните кое покажа дека 72 проценти од испитаниците го поддржуваат отворањето деловни активности до 8 февруари.

Од друга страна, беше наведено дека 14 проценти од нив сметаат дека треба да останат затворени. Работодавците ги повикуваат властите да им овозможат што побрзо да работат и да предупредат на крајно негативните последици доколку тоа не се случи, пренесува австрискиот весник „Курир“.

Клучни зборови

  • австрија
  • заклучување
  • мерки
  • пандемија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk