Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоБизнис

ЕЦБ попушта – летово ќе има повисоки каматни стапки во еврозоната

19 јул. 2022 г.·2 мин читање·5611 прегледи

Следете не на Viber

Креаторите на политиката на ЕЦБ ќе разговараат за зголемување на каматните стапки за 25 или 50 поени на нивниот состанок во четврток за да ја скротат рекордно високата инфлација, изјавија за Ројтерс два извори со директно знаење на дискусијата. Изворите, кои сакаа да останат анонимни, бидејќи размислувањата се приватни, рекоа дека креаторите на политиката, исто така, бараат договор за обезбедување помош на задолжените земји како Италија на пазарот на обврзници доколку се држат до правилата на Европската комисија за реформи и буџетска дисциплина.

Тие ги вклучуваат целите поставени од Комисијата за обезбедување пари од фондот за закрепнување и отпорност на Европската унија, како и од Пактот за стабилност и раст, кога ќе биде вратен следната година по паузата од пандемијата, велат изворите. Портпаролот на ЕЦБ одби да коментира, наведувајќи ја како причнина периодот на мирување на банката. ЕЦБ рече дека само постепено ќе ги зголеми каматните стапки и најверојатно за 25 базични поени во јули, одложувајќи поголем потег за септември.

Но, шефицата на ЕЦБ Кристин Лагард во говорот во јуни рече дека има „јасно услови во кои постепеноста не би била соодветна“. Одредувачите на стапки со недели разговараа за условите што треба да ги исполнат земјите за да се квалификуваат за нова шема за купување обврзници, чија цел е да ги ограничат нивните трошоци за задолжување кога се смета дека не се синхронизирани со економската реалност, велат изворите.

Некои креатори на политики би сакале да го вклучат Европскиот механизам за стабилност, спасувачкиот фонд на еврозоната создаден како последица на должничката криза пред една деценија, но оваа опција сега веројатно ќе биде отфрлена, велат изворите.

ЕЦБ ја забрза работата на новата шема во средината на јуни по ненадејното разгорување на приносите и премиите што ги платија Грција, Италија, Шпанија и Португалија на пазарот на обврзници, бидејќи инвеститорите ги проценуваа цените на крајот на купувањето на централната банка и на почетокот од неговиот циклус на зголемување на стапката.

Клучни зборови

  • ECB
  • еврозона
  • каматни стапки
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk