Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

Е-касичка: Брзо и лесно штедење со секоја трансакција

4 апр. 2025 г.·2 мин читање·1609 прегледи

Следете не на Viber

Сакаш да штедиш, но едноставно немаш навика да го правиш тоа. Многу млади тешко одлучуваат да почнат со штедење пари кои би им помогнале во иднина да инвестираат во нешто важно. Има повеќе причини кои ги обесхрабруваат младите да штедат одредена сума на месечно ниво. Ќе наброиме дел од нив:

❌ Недоволна финансиска едукација – голем број млади не знаат како да менаџираат со парите на ефикасен начин и на тој начин да одвојуваат одредена сума за штедење

❌ Краткорочно размислување – младите често даваат приоритет на моменталните потреби, како на пример да се купи ново парче облека, отколку на долгорочните планови

❌ Банкарските процедури – брзиот и динамичен начин на живот на младите не го прифаќа чекањето пред шалтери и пополнувањето формулари во банка

Иновативниот производ е-касичка на Халкбанк ги решава овие проблеми и им помага на младите да штедат брзо, лесно и без комплицирани банкарски процедури. Услугата е достапна за сите корисници на пакетот за млади Halk EZ кој е прилагоден на специфичните потреби на младите на возраст од 16 до 24 години.

КАКО ФУНКЦИОНИРА Е-КАСИЧКА?

 Главната предност на е-касичка е што ти овозможува персонализирано и флексибилно штедење при секоја трансакција со твојата платежна картичка. Добиваш посебна штедна сметка која е поврзана со една или повеќе дебитни картички од Халкбанк (Mastercard Debit, Mastercard World Debit, Visa PayWave Electron и Visa Platinum). Секогаш кога ќе платиш на ПОС терминал или виртуелен ПОС терминал, дополнителен износ автоматски се префрла во твојата е-касичка. Има два начини на штедење:

  • Заокружување на износот до најблискиот цел број (избор: 10, 50, 100, 200, 500 денари)
  • Фиксен износ од секоја направена трансакција (избор: 10, 20, 50, 100 денари)

Да речеме купуваш смути кое чини 170 денари. При првата опција, од твојата картичка ќе се наплатат 200 денари, од кои 30 денари одат директно во личната е-касичка. Ако ја избереш втората опција со сума од 50 денари, од картичката ќе се наплатат 220 денари, а дополнителните 50 денари веќе се префрлени на твојата штедна сметка.

Едноставно – секоја трансакција е нова заштеда без да трошиш време, да правиш математика, да одиш во банка или да префрлаш пари од една на друга сметка.

Клучни зборови

  • Е-касичка
  • Халкбанк А.Д. Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk