Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоКрипто

Џеј Пи Морган го процени биткоинот на 38.000 $, криптовалутите – преферирано алтернативно средство

26 мај 2022 г.·2 мин читање·692 прегледи

Следете не на Viber

Банката Џеј Пи Морган (JPMorgan) ја постави цената на биткоинот на 38.000 долари, што е за 28% повисоко од неговото сегашно ниво од околу 29.500 долари, се вели во дописот што банката вчера им го испрати на клиентите. „Корекцијата на пазарот на крипто изминатиов месец повеќе личи на капитулација во однос на минатиот јануари/февруари и понатаму гледаме нагорна линија за биткоинот и за крипто-пазарите поопшто“, се вели во дописот од средата.

Стратегот на банката Николаос Панигирцоглу беше водечки автор на тој документ. Белешката на банкарските инвеститори ја стави објективната вредност на Биткоин на исто ниво во февруари. Во тоа време се тргуваше околу 43.000 долари.

Криптовалутите ги надминаа недвижностите како претпочитано „алтернативно средство“ за банката, заедно со хеџ фондовите, се вели натаму во дописот на Џеј Пи Морган и се додава: „Досега, има малку докази дека финансирањето на претприемачкиот капитал (VC) пресуши по падот на Тера. Од 25 милијарди долари финансирање претприемачки капитал, за една година, речиси 4 милијарди долари дојдоа по падот на Тера. Нашата најдобра претпоставка е дека финансирањето на VC ќе продолжи и би била избегната долга зима слична на 2018/2019 година“.
Финансирањето на VC би било од клучно значење за да се избегне таа крипто зима“, стои во дописот на банката.

Истиот ден, голем инвеститор во ризичен капитал, Андресен Хоровиц го објави затворањето на четвртиот криптовалутен фонд од 4,5 милијарди долари. Исто така во средата, крипто-фокусираната инвестициона фирма NGC Ventures го лансираше својот трет блокчејн фонд со 100 милиони долари собрани од инвеститори меѓу кои беа Babel Finance, Huobi Ventures и Nexo Ventures.

Извршниот директор на Џеј Пи Морган, Џејми Дајмон, постојано ја изразуваше својата лична антипатија кон криптовалутите, одејќи дотаму што ја нарече измама, но самата банка зазеде попрактичен став. Таа стана првата голема банка во Метаверсот претходно оваа година. Димон го пофали крипто за прекуграничниот платен капацитет.

Клучни зборови

  • криптовалути
  • Џеј Пи Морган
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk