Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Осигурување

ДВОЈНА ОСИГУРЕНА СУМА – Затоа што сигурноста на Вашите најблиски е наша основна цел

21 апр. 2021 г.·3 мин читање·1678 прегледи

Следете не на Viber

Осигурувањето на живот е современ начин на обезбедување сигурност за Вас и Вашите најблиски. Интегрираноста на осигурителната и штедната компонента е тоа што го разликува осигурувањето на живот од другите финансиски производи. Практично, при самото склучување на договорот, осигурителната компанија Ви гарантира исплата на осигурена сума во случај на смрт, или пак исплата на сума за доживување, во вид на поврат на вложени средства, по истекот на осигурителниот период.

Триглав Осигурување Живот АД Скопје водејќи се од својата основна цел, да биде Ваш прав партнер кога е најтешко, овозможи двојна осигурена сума во случај на смрт од болест, или несреќен случај, со истовремено целосно осигурително покритие во случај на смрт и во пандемија.

Уникатноста на ТРИГЛАВ полисата за осигурување на живот се состои токму во бројните осигурителни можности кои се својствени единствено за оваа полиса.

Имајќи во предвид дека осигурувањето на живот е долгорочна одлука, а низ годините се соочуваме со многу неизвесности, оваа полиса имајте ја како хартија од вредност која ќе обезбеди Вашите најблиски да се финансиски обезбедени во најтешките животни моменти.

Дали ги знаевте сите предности на Триглав полисата за осигурување на живот?

  • Осигурување и заштеда – Уникатен финансиски производ каде покрај осигурување во целокупното траење Вие добивате гарантирана исплата на сума на вложените средства на истек на полисата.
  • Сигурност на вашето семејство – Со ова осигурување Вие се грижите за финансиската сигурност на своите најмили, дури и ако случи она најлошото за Вас. Со вклучување на дополнителни осигурувања го зголемувате своето осигурително покритие и финансиската сигурност на семејството.
  • Осигурени 23 тешки болести – дополнително осигурување кое може да го одберете опфаќа финансиска заштита од 23 тешки болести и повреди за осигуреникот, со истовремено осигурително покритие за 20 тешки болести и повреди за децата  на осигуреникот кои се на возраст од 3 – 18 години.
  • Нов член во семејството – Осигуреничките кои во текот на траење на осигурувањето ќе станат мајки, добиваат исплата на аванс за новороденче во износ од 10% од осигурената сума, а максимум до 300 евра.
  • Второ медицинско мислење – Триглав Осигурување Живот Ви обезбедува можност за бесплатно второ медицинско мислење од високо реномирани здравствени установи.
  • Сигурна инвестиција – Осигурителниот износ кој ќе Ви го исплатиме по истек на полисата Ви е однапред познат и загарантиран;
  • Финансиска сигурност – Ваша и заштита на Вашето семејство во случај на незгода и болести кои може да доведат до инвалидитет, работна неспособност или смрт, со што влијаете да не се случат неочекуваните финансиски издатоци и дополнително оптеретување на семејниот буџет.
  • Долгорочна заштеда – постепено го создавате капиталот за идно време кога Вашите приходи во пензионери денови ќе се намалат или трошоците ќе се зголемат со создавање на сопствено семејство ( школување на деца, купување на живеалиште, автомобил…итн.)
  • Финансиска помош – во облик на аванс по полисата од страна на Триглав Осигурување Живот Скопје.

Инструмент за гаранција – Триглав полисата за осигурување на живот може да ја заложите или винкулирате при земање на кредит во Банка.

Клучни зборови

  • полиса
  • Триглав Осигурување Живот АД Скопје
  • триглав полиса
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk