Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Две лежалки и чадор во Црна Гора чинат колку еден одмор

18 авг. 2024 г.·2 мин читање·4034 прегледи

Следете не на Viber

Летувањето на црногорското приморје оваа година чини богатство, туристите одат на Јадран со „дебели“ паричници бидејќи цените се повисоки од претходните години.

Имено, традиционално Будва и Котор се поскапи од Бар, Порто Монтенегро, Тиват, Херцег Нови и Улцињ. Познато е дека цените на храната и сместувањето се дури двојно повисоки во сезоната во однос на претсезоната, додека изнајмувањето лежалки генерално чини исто, но сепак достигаат висока цена.

изнајмувањето обични лежалки или две лежалки и чадор во Будва чини од 10 евра, додека најскапиот комплет оди и до 50 евра за ден.

Додека, пак, цените на плажа на луксузен хотел дефинитивно ја затвораат темата за прескапи лежалки. Имено, дневната атмосфера на плажата кај Будва од старт чини 400 евра.

Износот од 400 евра е условот – што треба да се потроши за храна и пијалаци, ако двајца туристи сакаат место на удобни лежалки на мала, ексклузивна плажа на луксузен хотел во Будва.

Доколку има тим од четири лица, може да се резервираат двојни лежалки и заедно да потрошат минимум 600 евра.

Меѓутоа, доколку некој сака луксузна атмосфера, резервацијата за Lounge Area е 75 евра по лице.

Според ценовникот за храна и пијалаци на најскапата плажа во Црна Гора кафето е од 3,5 евра (еспресо) до 7,5 евра (ледено кафе), шише вода (250 мл) 3,5-4,5 евра, сокови од 6 до 9 евра, мало пиво од 6 до 7, 5 евра коктели од 9 евра, шејкови од 8 евра, енергетски пијалаци од 7 евра, а најевтината чаша вино од 12 евра.

Порција пржена лигња е 27 евра, салата од домати 14 евра, филе бас на скара 38 евра, рижото со морски плодови 35 евра, чинија со овошје 22 евра, топка. сладолед 3,5 евра…

Плажата ја посетуваат јавни личности, спортисти, политичари, актери… Тие доаѓаат од сите делови на Црна Гора, но и од Србија. На оваа луксузна плажа гостите најчесто пристигнуваат со глисери и јахти, бидејќи пристапот е полесен од морето.

Клучни зборови

  • лежалки
  • плажа
  • црна гора
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk