Во билансот на локалната кочанска економија за минатата година заведен е вкупен приход од 453,4 милиони евра и добивка од 26,7 милиони евра. Тие вредности, зголемени за 4,31 и за 2,92 насто, се создадени од рацете на 8.933 лица со статус на вработени во некое од 1.138-те активни трговски друштва. И токму во тој дел динамиката е најслаба, со раст од само 0,20 насто, што дава претстава за стагнирана работна сила. Во текот на една година во Кочани имало потреба од 18 нови вработувања.
Но, ако фокусот се насочи кон десетте највлијателни компании по бројноста на вработени, тогаш перцепцијата се менува. Како и во повеќето градови низ земјава, пазарот на труд го држат најголемите деловни субјекти.
ДВА СТОЛБА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД – АМФЕНОЛ И АНТХУРА
Во таа насока, само Амфенол Технолоџи ангажира 3.163 лица, што е повеќе од една третина од целиот анализиран сегмент. Заедно со Антхура МК, која има 801 вработен…