Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Два милиони денари за СОС Детско село – Десетти хуманитарен пикник на „Алкалоид“

29 сеп. 2024 г.·3 мин читање·3811 прегледи

Следете не на Viber

СОС Детско село ќе добие околу два милиони денари за развојни и едукативни трошоци. Средствата се собрани во рамките на хуманитарниот пикник на „Алкалоид“, кој годинава го имаше јубилејното десетто издание.

За оваа пригода беа изработени наменски дизајнирани маички со лајтмотив – индивидуалната енергија како експресија низ теоријата на бои, кои беа пропусница за пикникот. Преку нив пари донираа речиси три илјади лица – алкалоидовци со нивните семејства и пријатели, а активноста се одвива преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Секое дете заслужува да има посреќно и побезбедно детство, нагласи генералниот директор на фармацевтската компанија, Живко Мукаетов.

„Денес заокруживме значаен, десетти јубилеј на колективна солидарност на собирот кој прерасна во празник на хуманоста за сите алкалоидовци. Околу три илјади наши колеги и пријатели донираа средства преку Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’, кои ќе бидат наменети за СОС Детско село. Со оваа организација отпочнавме стратешка соработка во 2022 година, со цел да ги олесниме тековните трошоци за децата под нивна закрила, едукативна поддршка, пристап до професионално советување и слично, зашто секое дете заслужува посреќно и побезгрижно детство“, потенцира Мукаетов.

Соработката со организацијата СОС Детско село датира од 2022 година, кога една од куќите во населбата Ченто беше именувана во „Бекутан куќа“, за чии секојдневни потреби се погрижи „Алкалоид“, намирувајќи ги комплетните трошоци. А лани, кога се одбележуваше 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, одреден процент од продажбите на познатата детска колекција се издвојуваше за оваа намена. На тој начин беа обезбедени повеќе од два милиони денари донирани.

„Со ‘Алкалоид’ веќе три години нè поврзува едно прекрасно партнерство, кое не само што ја покажува нивната посветеност како компанија, туку и искрената грижа за најранливите во нашата заедница – децата без родителска грижа. Донацијата претставува продолжување на трета година кумство и поддршка на едно згрижувачко семејство за тековни животни трошоци и развојни потреби на децата, кои добиваат не само материјална помош, туку и љубов, сигурност и припадност“, посочи директорката за обезбедување фондови и комуникации на СОС Детско село, Силвија Брајовиќ.

СОС Детско село во моментот е дом на близу 500 деца и младинци кои се без родителска грижа или се во ризик да ги загубат своите родители. Средствата за нивното згрижување се акумулираат преку донациите што ги уплатуваат поединци, компании, институции и преку разни форми на партнерства. Секој човек со добра волја може да донира. Донираните средства се користат исклучиво за потребите на згрижените деца.

 

Клучни зборови

  • Алкалоид
  • донации
  • сос детско село
  • хуманитарен пикник
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk