Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Дурмиши: Oдлуката за замрзнување на цените е подготвена, ја следиме состојбата во маркетите

Маја Анастасова·27 дек. 2024 г.·2 мин читање

Во маркетите уште од вчера почнаа да се намалуваат цените кои се зголемија во текот на минатиот месец, па поради тоа Владата засега нема да донесе одлука за нивно замрзнување. Сепак, одлуката е подготвена и доколку трговците продолжат со поскапувањата, веднаш ќе се свика седница на Владата, истакна министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

„Денеска имавме веќе подготвена одлука за замрзнување на цените, но засега нема да ја предложиме до Владата, ќе ја следиме ситуацијата со цените.

Доколку се случи нагло зголемување на цените, веднаш ќе побарам да се свика вонредна седница на Владата и да предложам одлука за замрзување на цените“, посочи министерот, додавајќи дека по опомената од страна на властите „трговците се вразумија и ги намалија цените“.

Дурмиши наведе дека според информациите на Државниот пазарен инспекторат, веќе се намалени цените на дел од основните прехранбени производи, а во одделни маркети и од 20 до 2 отсто.

„Дел од маркетите кои објавија нови флаери се со намалени цени на производи, коишто беа зголемени изминатите денови, какошто се јајца, масло за јадење, дел од сувомеснатите производи, месо, млеко, путер, грав и дополнителни производи.

Во исто време, за само еден ден над 50 нови производи се додадени во новогодишната кошничка и достигна бројка од речиси 1.180 производи“, вели Дурмиши.

Цените се следат секојдневно, напомена Дурмиши и ги предупреди трговците – ако се обидат да ги покачат цените, освен одлуката, ќе има и казни, па и затворање на маркети.

Клучни зборови

  • Бесар Дурмиши
  • маркети
  • одлука за замрзнување на цените
  • трговци
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk