Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Дуалното образование и создавање квалификувани кадри се важни за раст на економијата

24 јул. 2024 г.·2 мин читање·2133 прегледи

Следете не на Viber

Обуката, односно праксата во текот на образовниот процес е многу значајна. Дуалното образование носи многу придобивки, меѓу кои продуцирање стручен кадар со стекнати вештини и компетенции, зголемување на интересот за упис во средните стручни училишта за кои досега имаше слаб интерес, мотивирање млади образовни кадри да се вклучат во процесите, намалување на невработеноста, подобрување на состојбата во стопанството, економијата, пазарот на трудот итн.

Од една компанија во 2017 година, во учебната 2021/2022 година бројката на вклучени компании што реализираат практична настава за учениците од дуалното образование порасна на 211 компании, а во учебната 2023/2024 година, таа е повеќе од двојно поголема и изнесува 560 компании, покажува анализата на Стопанската комора на Македонија. Затоа е потребно да се продолж со процесот на дуално образование, односно со вклучување на учениците во работниот процес како дел од практичната настава.

-Комората ја исполни својата цел, но сепак, дуалниот модел на образование, и по седум години, и покрај неколкуте обиди за негово системско уредување, сè уште е пилот проект. Но ако се има волја за системско уредување на дуалното образование преку донесување на Законот за стручно образование и обука што може да нè одведе до воспоставување функционален образовен систем, кој ќе ги следи потребите на пазарот на труд и ќе образува квалитетни кадри. Потребен е нов пристап во наставата и ориентираност кон вештините и компетенциите, поткрепени со практичната обука, решавање проблемски задачи и знаење што ќе биде употребливо за да се добие додадена вредност на работењето и нов пристап во начинот на оценување на учениците преку вреднување на практичното знаење на ученикот, наместо фактографско меморирање – истакнуваат од комората.

Оттаму додаваат дека освен во средните училишта, дуално образование да се применува и на универзитетите преку развивање дополнителни алатки за студентите да имаат што повеќе пракса.

-Присуството на странските инвеститори, па и водечките домашни компании имаат потреба од нови технологии кои се значајни за зголемување на конкурентноста. Ние ќе имаме додадена вредност на нашите производи, ако ги намалиме трошоците во нашата земја, ако создадеме кадар кој нема да ја напушта татковината и ако во буџетот се одвојат доволно средства за развој на образованието – укажа претседателот на СКМ, Бранко Азески. 

Клучни зборови

  • високо образование
  • Дуално образование
  • пракса
  • средно училиште
  • Стопанска комора на Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk