„Пари“ бара одговор: Има ли државата капацитет за е-општество и за борба против хакерите?
Просечната плата во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности во декември минатата година била 88.192 денари и е за пет проценти поголема во однос на истиот месец лани, покажуваат новите податоци од Државниот завод за статистика. Ова е втора најголема просечна плата во државата, зад платите во воздухопловниот транспорт, каде што просекот е 94.537 денари. Националниот просек на платите, пак, е 34.364 денари.
Во денешно време, за да функционира едно општество, потребни се врвни ИТ-експерти. Во спротивно, кога податоците се во електронски записи, кога се развиваат и кога мора да се доразвиваат е-услугите, ако нема добар тим, последиците може да бидат катастрофални. Од другата страна се и оние кои ги злоупотребуваат информациските системи, кои бараат откуп на податоци, но и глобални играчи кои креираат хибридна војна.
Она што во вакви услов…