Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Државните коли само службено: Пријави злоупотреба на 070 399 050

16 сеп. 2025 г.·2 мин читање·2473 прегледи

Следете не на Viber

Секоја појава на злоупотреба на службените возила – за партиска или за приватни потреби, граѓаните треба да ја пријават на телефонскиот број 070 399 050 и на електронската адреса prijavizloupotreba@sozr.gov.mk. Знак за препознавање се црвените регистарски таблички. Процедурата за унифицирање на службените возила е во тек, а повеќе од 500 веќе имаат нови таблици.

Гази Баба е првата скопска општина која комплетно изврши замена на таблиците на служените возила.

„Ги охрабрувам граѓаните да ги пријавуваат сомнежите за злоупотреби. Ние ќе ги препраќаме до надлежната институција, за да се пристапи кон истражување и потврдување на евентуална злоупотреба и преземање на соодветни казни“, изјави директорот на СОЗР, Ивица Томовски, при посетата на Општина Гази Баба. Воедно, ги повика сите институции да направат рационализација на возниот парк.

Целата постапка на замената треба да биде завршена во наредните две недели, до кога е и рокот за унифицирање на возилата со специјалните таблици. Ова се дел од мерките што СОЗР ги презема за елиминирање  на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста.

„Кога ја презедов функцијата, веднаш ставивме GPS-уреди на сите возила. Тоа беше првиот чекор. Сега, со новите таблици, комплетно се спречува користење на службените возила за приватни цели. Јас лично користам приватно возило и сметам дека транспарентноста и одговорното управување со јавните ресурси мора да бидат приоритет,“ изјави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Клучни зборови

  • злоупотреба
  • Ивица Томовски
  • службени возила
  • СОЗР
  • црвени таблички
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk