Јавно претпријатие за државни патишта во текот на минатата година остварило најголема добивка во однос на сите останати државни фирми и јавни претпријатија, покажува анализата на податоците што ја прави „Таргет Груп“.
Добивката на ова јавно претпријатие лани била во висина од 46,9 милиони евра. Ова претпријатие високо котира и според остварените приходи во текот на минатата година кога има приходи во износ од 140 милиони евра. Просечниот број на вработени бил 457 лица, односно истиот е зголемен за триесет во однос на претходната година.
Минатата година била финансиски подобра од 2018 година. ЈП за државни патишта во 2018 година имало добивка 40,6 милиони евра, додека приходите биле 124,5 милиони евра.
На второ место на листата државни компании со најголеми профити е енергетската МЕПСО. Лани има добивка во износ од 7,2 милиони евра и во однос на 2018 та добивката е зголемена, односно во 2018 та била на ниво од 6,4 милиони евра.
Но, лани МЕПСО прикажува намалени приходи во однос на претходната година. Па така во 2019 година има приход…