Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ДРАМА ВО ЈОНСКО МОРЕ: Крај италијанскиот брег потона супер-јахта

Илија·29 авг. 2022 г.·2 мин читање

Супер-јахта “тешка“ 7,8 милиони долари минатиот викенд потона во водите на Јонското море, блиску до италијанскиот брег. Италијанската крајбрежна стража заедно со еден романски брод одговориле на повик за помош, спасувајќи 9 патници и членови на екипажот.

Во повиците за помош од 40-метарската супер јахта по име Сага, било пријавено дека бродот е во сериозна опасност по влошувањето на временските услови, што на крајот доведе до потонување на бродот. Романскиот брод кој работел со Фронтекс во Средоземното Море, првично бил во можност да спаси само четворица од патниците на суперјахтата, која била тргната од Галиполе во насока на италијанското пристаниште Милацо.

Кога го лоцирале бродот, тој бил приближно девет милји јужно од познатата туристичка дестинација Катанзаро, местена во близина на јужниот дел на Италија. Пристаништето има светски позната марина која ги угости супербогатите и нивните јахти.

Италијанската крајбрежна стража ги спасила останатите четворица патници и еден член на екипажот, кои сè уште биле на суперјахтата. Тие ги префрлиле сите на брегот каде што екипажот брзо се договорил за влечење во обид за спасување на бродот.

Според италијанската крајбрежна стража, тие биле успешни во прицврстувањето на лента за влечење на јахтата и се обидувале да ја маневрираат во пристаништето или евентуално да ја исправат за понатамошно спасување. „Сепак, влошувањето на временските и условите на море“, известува италијанската крајбрежна стража, резултирале со „накривување на пловилото на неговата десна страна и тоа потона за кратко време“. Екипажот кој бил сведок на обидот за спасување од влечното возило извести дека ветровите се засилиле поради што бродот се тркалал и на крајот водата стигнала до командниот мост, по што се исправила во вертикала и за рекордно кусо време потонала, што може да се види и од видео-снимките направени од италијанската крајбрежна стража.

Клучни зборови

  • јонско море
  • Суперјахта
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk